• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Актерката од „Grey’s Anatomy“ со фотографии покажа дека се врати во фит форма по породувањето

20 февруари 2018, 11:45
  • cподели

Кетрин Хајгл покажа дека нејзе ѝ биле потребни 14 месеци за повторно да се врати во форма по породувањето.

Славната актерка, која е позната по улогата во серијата „Grey’s Anatomy“ и бројни романтични филмови, сподели фотографии од своето тело за да докаже дека потребно е време и посветеност за да се збогуваш со вишокот килограми од бременоста.

Трите фотографии се направени во период од 14 месеци. Лево, Кетрин го прикажува телото еден месец по породувањето, додека фотографијата десно е направена во текот на изминатиот викенд.

A post shared by Katherine Heigl (@katherineheigl) on Feb 19, 2018 at 11:21am PST

„Поминаа речиси 14 месеци откако се роди Џошуа Џуниор и ми требаше толку време за навистина да се вратам во форма. Првата фотографија е направена еден месец по неговото раѓање. Втората е создадена речиси една година подоцна, додека последната слика ја направив овој викенд. Посакувам да имав повеќе фотографии направени помеѓу првата и втората за да ви го покажам мојот напредок. Во тие месеци бев зафатена со покривање на телото, а не со позирање во долна облека.“

„Ми следува одмор на плажа, нова работа за која почнувам со снимање во април и во последниве два месеци ме обземаше силна желба да се чувствувам фит, силна и секси и конечно да ги изгубам последните килограми од бременоста и да нурнам длабоко во потрага по стомачните мускули кои знаев дека се закопани некаде во тоа стомаче“ – напиша таа во описот на колажот од фотографии.

Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл

39-годишната актерка се породи на 20 декември 2016 година. Таа и нејзиниот сопруг Џош Кили имаат и две посвоени ќеркички.

Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл

Покрај улогата во „Grey’s Anatomy“, Хајгл е позната пофилмовите „The Ugly Truth“, „Life as We Know It“, „One for the Money“, „Knocked Up“ и „27 Dresses“.

Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл Кетрин Хајгл
Tags
Кетрин Хајгл

Најнови

  • Сузана Гавазова на Малдиви со семејството

    Тропски одмор сред зима: Сузана Гавазова со сопругот и ќеркичките се релаксира на Малдиви

    Thu, 01/15/2026 - 14:15
  • Вевчански карневал

    Се маскира од мали нозе, годинава со автентична маска: Аница Китаноска за вековната традиција на Вевчанскиот карневал

    Thu, 01/15/2026 - 12:55
  • Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам со децата

    Ски авантура: Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам со децата на зимско уживање во Австрија

    Thu, 01/15/2026 - 11:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.