„Ако утре ме нема“, „Време за плачење“: Емотивниот концерт на Тамара Тодевска за ДНК и сите жртви во пожарот
Тамара Тодевска минатата година го одржа емотивниот хуманитарен концерт „Пееме за Кочани“, посветен на семејствата засегнати од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На сцената во МКЦ, 40-годишната пејачка изведе голем број свои хитови, ја испеа „Ако утре ме нема“ од ДНК, а ја разнежни публиката и со изведбата на „Време за плачење“.
Вчера, по повод годишнината од трагедијата, македонската музичарка на својот YouTube канал го објави целосниот концерт и напиша:
Една година по Кочани, но хуманоста, солидарноста и незаборавот мора да бидат вредностите кои ќе нѐ водат и после оваа трагедија.
Хуманитарниот концерт „Пееме за Кочани“ е објавен на мојот YouTube канал.
Ви благодарам на сите кои купивте карти и дониравте за погодените од трагедијата.
Благодарам на сите мои соработници, колеги и пријатели. 🫶Секогаш ваша,
Тамара
Тодевска го заврши концертот со насолзени очи и цвеќиња од нејзините две деца Дарен и Хана.
„Фала ви од дното на мојата душа. Ова е најемотивниот концерт во мојот живот и ќе го памтам засекогаш додека сум жива. Фала ви од срце и останете хумани, какви што сте“ – рече таа на крајот.
Погледнете го концертот „Пееме за Кочани“: