• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Ако се пожалам за моите деца, не вели дека не ги сакам“: Жена апелира да не се осудуваат мајките

20 јуни 2017, 11:42
  • cподели

Живееме во општество во кое секој осудува секого без воопшто да го познава. Одлуките и постапките на мајките честопати се ставаат „на тапет“, а луѓето им судат дури и кога не ги знаат причините за нив.

Мајка на две деца им се обрати на сите преку пост на Facebook за да испрати апел да се прекине со „трендот“ да се осудуваат мајките. Лаура Маза објасни дека пред луѓето да зборуваат лошо или да осудуваат некоја мајка, прво треба да го поминат она што таа го има поминато.

Еве го нејзиниот текст:

Мајка

Не ми суди.

Ако се пожалам за моите деца, не вели дека не ги сакам.

Ако речам дека се совршени, не ми вели дека премногу се фалам. Ти не ги гледаш часовите кои ги минувам држејќи ги и сакајќи ги.

Ако сум искрена за мајчинството, не вели дека се жалам. Ти не виде колку години не можев да кажам никому како се чувствував, бидејќи бев исплашена.

Не ѝ суди на мајката која дава вештачко млеко. Не ја нарекувај мрзлива. Не знаеш дали со месеци се трудела за да може да дои. Не ја виде како оди кај консултанти за доење или како јаде колачи за лактација. Не го знаеш нејзиното патување.

Не ѝ суди на мајката која дои во јавност. Не знаеш дали денес е денот кога таа конечно собрала самодоверба за да го направи тоа. Не знаеш колку многу се трудела за да го продолжи доењето. Не го потценувај значењето на доењето.

Не ѝ суди на мајката која ги кара своите деца во јавност. Не знаеш дали таа е најтрпеливата жена на светот. Не знаеш дека таа е секогаш нежна, но дека денес го изгуби трпението зашто е уморна и исцрпена. Не вели дека е лош родител кога не гледаш што сè прави таа.

Не ѝ суди на мајката со телефонот. Не знаеш дали таа одговара на важни пораки од работа. Дали работи од нејзиниот телефон, дали бара рецепти за да им приготви вечера на децата или разговара со мајка си која живее милиони километри подалеку.

Не ѝ суди на мајката која работи, таа се обидува да го прехрани своето дете.

Не ѝ суди на мајката која не работи, таа работи како 20 души, и тоа бесплатно.

Не ѝ суди на самохраната мајка. Нејзе добро ѝ оди сама и ја врши работата на двајца родители. Таа излегла од лоша врска, се борела за себе и е пример за децата.

Не ѝ суди на мајката која јаде брза храна со децата. Не знаеш дека таа е преуморена за да готви, дека сака да ги усреќи своите деца и да излезе од дома и да се почести. Не знаеш низ што минува таа. Можеби има органска зеленчукова градина.

Не ѝ суди на мајката која не ги симнала килограмите од бременоста. Таа ја минала годината во закрепнување од раѓањето, ментално и физички. Сега не е време за таа да се откаже од тортата за да јаде кељ.

Секоја мајка има своја приказна. Секоја мајка минала низ трнлив пат. Не ги знаеш нејзините предизвици, нејзините силни страни, нејзините слабости... Не знаеш ништо за нејзиниот живот. Таа си суди себеси секој ден, се труди да биде најдобра секој ден, па наместо да ја осудуваш, насмевни ѝ се. Исецкај ѝ ја храната додека дои, стопли ја водата за вештачкото млеко, охрабри ја во нејзините битки и пофали ја за нејзините победи... и запомни, пред да критикуваш, обвинуваш или малтретираш, потребно е да поминеш километар во нејзините чевли.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.