• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Адвокатката Ристова: „Дојди вечер во 7, знаеш што ќе ти се случи“, насилничките закажувале средби, 12-годишното девојче од Штип од страв одело

15 јули 2026, 13:53
  • cподели

Случајот со 12-годишното девојче од Штип, кое било жртва на физичко и психичко малтретирање, сé уште отвора жестоки дебати во јавноста за врсничкото насилство.

Адвокатката Маја Ристова во интервју за „Ја сакам Македонија“ на Сител, откри дека насилството не се случувало случајно, туку дека девојчето добивало пораки со кои насилничките му закажувале средби, а тоа од страв ги прифаќало, знаејќи што ќе го чека. 

Тоа девојче имало не само физичко малтретирање, туку и психички ја малтретирале. Нејзе ѝ закажувале да доаѓа навечер: „Вечер дојди во седум, знаеш што ќе ти се случи“. Таа одела на закажаното, не било спонтано... До толку била преплашена. Родителите на децата не знаеле. Таа дури имала и нагони за повраќање, каде што криела дека е од јадење, од храна и така натаму – вели Маја во видеото.

Маја сподели дека е револтирана, бидејќи и покрај видео-доказите и сериозноста на случајот, институциите не реагирале соодветно, а изречените мерки испраќаат загрижувачка порака за односот кон врсничкото насилство.

Јас ги знам доказите и тоа дополнително ме револтира, затоа што сите институции, во случајот обвинителството и судот не ја гледаа сериозноста на проблемот. Што со тоа дете, што со тие родители? И потоа ќе каже некој родител, пошто работам и други предмети: „Ако институциите не постапат, јас правдата ќе ја земам во свои раце“. Дали треба тоа да се случи?

Ако за овие предмети, каде што имаме и видео снимки и вакви докази, имаме укор и воспитна мерка засилен надзор од страна на родител, што понатаму? Што со оние што не се снимени? Што со оние што не ги знаеме? – рече таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Адвокатката го сподели шокантното видео пред повеќе од два месеци. Во него се гледа како жртвата е безмислосно удирана со тупаници и клоци и влечена за коса во присуство на повеќе малолетни лица.

Tags
адвокат Маја Ристова

Најнови

  • По 20 години борба со неплодност, 40-годишна жена забремени со ИВФ во болница „Плодност“

    Wed, 07/15/2026 - 14:35
  • Адвокатката Ристова: „Дојди вечер во 7, знаеш што ќе ти се случи“, насилничките закажувале средби, 12-годишното девојче од Штип од страв одело

    Wed, 07/15/2026 - 13:53
  • Рози, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, префинета дама на „Охридско лето“

    Wed, 07/15/2026 - 13:08
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.