Адријана Лима, Алесандра Амбросио... Моделите на Victoria’s Secret заводнички на забава по модното шоу
По спектакуларното шоу кое Victoria’s Secret го приреди во Њујорк, моделите се упатија на забава во Менхетен.
Убавиците заведуваа во сексапилни аутфити не само на пистата, туку и надвор од неа. Адријана Лима избра мало црно фустанче, Алесандра Амбросио носеше потполно проѕирен фустан под кој ѝ се гледаше долната облека, Ешли Греам ги истакна облините, а Барбара Палвин деколтето.
Погледнете како изгледаа моделите на забавата на Victoria’s Secret:
Модното шоу се одржа по шестгодишна пауза и се врати во ново светло, одговарајќи на барањата за застапеност и на жените со облини.
