• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

9-годишната Лена е најмладиот бурек мајстор во Србија и сонува да ја продолжи семејната традиција

14 јуни 2024, 08:02
  • cподели

Кога се има желба за нешто, сè е возможно.

9-годишната Лена од Обреновац е најмладиот бурек мајстор во Србија и сонува да ја продолжи семејната традиција. Вредното девојче започнало да прави ситни печива на 5-годишна возраст, а сега успешно приготвува пити и буреци кои се продаваат во семејната пекара.

Лена

Лена оди на училиште, а по часовите ја посетува пекарата на нејзиниот татко, каде го прави она што најмногу го сака – бурек.

Вештините и страста за овој занает Лена ги добила од својот татко, кој истото го работи повеќе од 30 години.

Лена

„Лена сама покажа интерес да го учи овој занает, а јас сум тука да ја научам да биде прав бурек мајстор и да прави сè рачно, а не машински“ – вели нејзиниот татко.

„Тоа е на некој начин нејзино хоби. Сака да прави, сака да експериментира и сака да проба сè што не можат другите деца. Има златни раце. Ако сака да го продолжи семејниот бизнис, може. Ако не сака, не мора. Тоа е прашање на избор“ – вели нејзината мајка.

Лена Лена Лена

Најнови

  • „Под урнатините пронајдовме дедо кој ги гушкаше двете внуки, тоа е сцена која не избледнува“: Потресна исповед на волонтерка од Нови Сад

    Tue, 11/03/2026 - 23:29
  • Македонската Барби Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026

    Tue, 11/03/2026 - 23:09
  • Ме имаше удрено многу пати, ми изваде пиштол на маса: Николина Пишек проговори за насилството од покојниот сопруг

    Tue, 11/03/2026 - 21:09
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.