• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

84-годишниот Хју Хефнер се вери со 24-годишна

27 декември 2010, 02:11
  • cподели

Основачот на списанието Плејбој, Хју Хефнер, очигледно верува во трета среќа. Иако има два брака зад себе, 84-годишниот Хефнер на Божиќ се вери со неговата 24-годишна девојка Кристал Харис и ја објави среќната вест на Twitter.

Хју Хефнер и Кристал ХарисХју Хефнер и Кристал Харис

„По филмот вечерва со Кристал си ги разменивме подароците. Јас ѝ дадов прстен“ – напишал тој.

„Кога ѝ го дадов прстенот, таа се расплака. Ова е најсреќниот божиќен викенд којшто го паметам“ – продолжил да раскажува празнично расположениот плејбој.

За да нема никакви забуни, малку подоцна Хефнер потврдил дека прстенот со кој ја израдувал Кристал бил свршенички преку пораката: „Да, прстенот што ѝ го дадов на Кристал е свршенички. Не мислев да создавам некаква мистерија. Среќен Божиќ на сите“.

Ова ќе му биде трет брак на Хју Хефнер. Минатата година тој се разведе од неговата втора жена Кимберли Конрад, со која беа разделени од 1998г. Разводот беше финализиран во март оваа година. Претходно, познатиот плејбој беше во брак со Милдред Вилијамс. Тој брак заврши уште во далечната 1959г.

Tags
Хју Хефнер
Плејбој
Кристал Харис
Playboy

Најнови

  • „За уште поголеми успеси во животот најмила наша“: Петар Горко горд татко на матурата на ќерката Јована

    Tue, 05/26/2026 - 22:25
  • Кристина Мукаетова на Women in Tech Macedonia Awards

    „Млади, верувајте во себе!“: Кики Мукаетова прими Women in Tech награда од претседателката Сиљановска-Давкова

    Tue, 05/26/2026 - 19:00
  • „Нашата најголема љубов и гордост“: Синот на Елизабета Ѓоргиевска и Стево Пендаровски најдобро дипломиран студент на ФЕИТ

    Tue, 05/26/2026 - 14:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.