80-годишниот Трифун Костовски слави со 52-годишната партнерка Јасна Петков Костовска во Ровињ пред судењето
Трифун Костовски се соочува со обвинение за случајот со затворањето на Еуростандард банка, но тоа не му ги менува плановите на личен план.
Познатиот бизнисмен ужива во Ровињ заедно со Јасна Петков Костовска. Парот го слави нејзиниот 52. роденден.
Освен фотографии од патувањето, српската авторка сподели и кратка порака:
52 🥂 Еден преубав незаборавен ден… Ви благодарам на сите прекрасни драги пријатели за прекрасните мисли и желби… Најубави поздрави од преубавиот Ровињ… Да се има вистински и искрени пријатели е најголемото богатство кое можеме да го имаме… 💛
Минатата година, Јасна и Трифун го славеа нејзиниот роденден на Тасос, а таа порача: „Јас и тој сме заедно и во добро и во зло“.