• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

8 промени кои можете да ги направите оваа пролет за да си го разубавите животот

17 март 2022, 11:44
  • cподели

Пролетта е годишно време кога природата околу нас се буди, се преродува и се менува, а со тоа се менуваме и ние. Темните бои и сивилото кои доминираа во студениот период, повеќе нема да нè исполнуваат, бидејќи ќе се насочиме кон позабавни варијанти и новитети.

Разбудете го експериментаторот во вас и насочете се кон промени во домот, стилот и начинот на живот, кои ќе ви донесат силна доза среќа и страст кон животот. Еве што можете да направите поразлично оваа пролет:

Халк
1

Купете си велосипед

Горивата поскапуваат, температурите растат, енергијата ни се зголемува... Тогаш зошто да не пробате да го замените автомобилот со велосипед? Возењето велосипед не само што ќе ви помогне да заштедите, туку и ќе ви го подобри здравјето, ќе ве поврзе со природата и ќе ве направи многу посреќна личност.

2

Реновирајте го домот и внесете повеќе свежина во него

Кажете им збогум на сивите завеси, на белите ѕидови и на црните саксии за цвеќиња. Развеселете го вашиот дом со посвежи и позабавни бои како тиркизна, жолта или портокалова. Додавањето нова боја во одредена просторија може да направи голема промена во вашето расположение. Најдете начин да ја вметнете омилената нијанса во вашиот дом. Тоа може да биде со додавање колоритни перници, завеси, слики, саксии, украси, или пак, нешто поголемо, како купување нов мебел и обојување на ѕидовите во посакуваната боја.

3

„Освежете“ го и плакарот

Пролетта е идеален период за подновување и надградување на модниот „арсенал“ во вашиот плакар. Додајте боја и цветни принтови и нема да погрешите.

4

Инвестирајте во организери

Ќе си заштедите многу време, пари и стрес ако имате организиран дом. Доколку имате проблем со недостаток на простор околу вас, вреди да размислите на опцијата за купување организатори за фиоки, плакари, алати, средства за чистење, обувки и сл.

Халк
5

Создајте своја градина

Науката вели дека грижата за растенија и следењето на нивното растење всушност може да нè направи посреќни личности. Возбудливо е да се набљудува нешто што расте од семе. Зошто оваа пролет да не инвестирате во ваша градина? Здравствените придобивки од градинарството се големи и за вашето здравје и за здравјето на вашето семејство. Зголемена физичка активност, поврзување со членовите од вашата фамилија (доколку работите заедно), учење на одговорност, намалување на стресот, свежа домашна храна... се само дел од бенефитите кои ќе ги имате доколку одгледувате свои растенија.

Халк
6

Инвестирајте во квалитетен соковник или блендер

Максимално искористете ги благодетите на овошјата и зеленчуците кои наскоро ќе ги има во изобилие на пазарите. Со нашиот брз и зафатен начин на живот, тешко можеме да го внесеме потребното количество овошје и зеленчук во исхраната. Да бидеме искрени, ретко кој од нас сака да јаде кељ или целер, но нивното мешање и блендирање со други вкусни плодови, може да ни го направи нивното консумирање вистинско задоволство.

7

Претплатете си третмани за разубавување

Зимата најчесто остава последици на изгледот на кожата и косата. Студеното време надвор и сувиот воздух во затворените простории имаат последици на нашето тело. Вреди да инвестирате во третмани за разубавување кои ќе ве подготват за следната сезона, ќе ви дадат помладешки изглед и ќе ѝ помогнат на кожата да се обнови и подготви за жешките сончеви летни месеци. Факт е дека топлото време значи и отскривање на кожата која сте ја „криеле“ со месеци наназад, па вложете во третмани за подобрување на изгледот на лицето, стапалата, косата или други делови од телото кои сакате да ги покажувате без задршки.

Халк
8

Патувајте повеќе

Според науката, патувањето е клучот кон среќата. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се чести патници се позадоволни со својот живот отколку оние коишто не патуваат. Исто така, трошењето пари на искуства наместо на предмети докажано многу повеќе нè усреќува. Испланирајте го и реализирајте го вашето следно патување и разубавете си го животот.

Посакувате ново катче во домот, пакет третмани за разубавување, нов велосипед, подновување на облеката? Сега е време да реализирате нешто што одамна сте го посакувале.

Халкбанк нуди потрошувачки кредити со животно осигурување и полиса од незгода. Каматната стапка во првите две години е фиксна и изнесува 4,7%. За останатиот период каматната стапка е варијабилна: 4,5 пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 1,25% (5,75 % номинална годишна) (СВТ 5,69%).

Провизијата за обработка на кредитот и предвремена ликвидација е 0%.

Халк

Спонзориран текст

Tags
Халкбанк

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.