• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шминка

7 совети за поубави трепки

15 септември 2009, 20:02
  • cподели

Трепките им даваат позаводлив изглед на очите, особено кога се густи и долги. Но, не сите жени се надарени со убави трепки.

Убави трепкиОтстранувајте ја шминката правилно и не тријте ги очите, за да имате убави трепки.

За да ги заштитите трепките потребно е да следите неколку совети:

  1. Отстранувајте ја шминката правилно. Многу често жените брзаат додека ја отстрануваат шминката, а трепките на очите се она место на лицето каде е најтешко да се исчисти шминката. Ако не се потрудите правилно и целосно да ја отстраните шминката, ќе страдаат вашите трепки. За трепките треба да се грижите исто како и за кожата.
  2. Немојте да ги триете очите наутро. Многу распространета несвесна навика е триењето на очите по будење. Оваа навика може да предизвика кинење на трепките на очите. Затоа, бидете внимателни и избегнувате да ги триете очите.
  3. Виткајте ги трепките само кога навистина има потреба од тоа. Во никој случај не треба прво да ја нанесете маскарата. Ако го правите тоа, вашите трепки полесно ќе се кинат. Прво извиткајте ги трепките и потоа ставете маскара.
  4. Најдете соодветна маскара. Водоотпорната маскара многу тешко се отстранува од очите, па затоа треба да се избегнува нејзината употреба. Употребувајте водоотпорна маскара само во одредени случаи кога знаете дека вода ќе достигне до вашите трепки.
  5. Внесувајте витамини А и Б. Овие витамини ќе ви помогнат не само да ги заштитите трепките, а и ќе го стимулираат нивниот раст.
  6. Негувајте ги со маслиново масло. Три пати неделно нанесете со памук маслиново масло на трепките. Нежно протријте го маслото низ трепките и оставете го да дејствува неколку минути.
  7. Нанесете рицинусово масло. Многу жени тврдат дека рицинусовото масло помага за побрз растеж на трепките. Пробајте, нема што да изгубите.
Tags
шминка
трепки

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.