• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

5 трендови кај накитот кои ги обожаваат сите вљубенички во модата

17 декември 2018, 21:18
  • cподели

Накитот говори многу за вас. Изразете ја индивидуалноста, истакнете го префинетиот вкус и покажете го изостреното чувство за мода преку накитот.

Брзо променливиот моден свет моментално ги фаворизира следниве трендови:

Модернизирани бисери

Бисерниот накит е класика, која веројатно ќе ја асоцирате со икони како Одри Хепберн и Грејс Кели, но моментално бисерите се актуелни во модернизирани варијанти.

Откако направија „камбек“ на модната сцена на кошули, блузи и фармерки, бисерите се вгнездија на современи форми на накит.

Накит Накит

Белегзија која нижи лична сторија низ приврзоци

Најважните спомени раскажани низ парчиња накит. Овековечете ги најзначајните поглавја со приврзоци кои ќе ги нанижите на белегзија, која го симболизира вашиот живот.

Јубилеен роденден, љубовна годишнина, деловен успех, брак... Со секое постигнување во животот, ќе се збогатува накитот на рачниот зглоб и секојдневно ќе ве потсетува колку многу сте постигнале.

Накит Накит Накит

„Розово злато“

Префинетата нијанса на „розово злато“ неколку сезони е доминантна модна тенденција и продолжува да маѓепсува и на преминот од 2018 во 2019 година.

Кој може да му одолее на гламурозниот отсјај кој фузира женствена розова и аристократска златна боја?

Накит Накит

Алки

Естетиката на 90-тите години стана хит, па сведоци сме на големото враќање на алките.

Кружните обетки, кои се синоним за стилот на ѕвезди како Џенифер Лопез и Бијонсе, добиваат попрефинет изглед и повторно царуваат.

Накит Накит

„Персонализиран“ накит

Станете дел од светската манија прифатена од врвните модни куќи, кои непрекинато ги поставуваат своите логоа на централно место на модните креации.

„Испишете“ ги името, прекарот или иницијалите на накитот и носете ги со гордост како уникатен печат на вашиот стил.

Накит Накит Накит

Сите презентирани парчиња накит можете да ги најдете во новоотворениот продажен салон на Rebecca во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје.

Tags
накит
Rebecca

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.