• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

5 причини зошто јогуртот е идеално летно друштво

7 август 2017, 14:32
  • cподели

Млечните производи, а особено јогуртот, се незаменливо друштво во топлите летни денови. Тој не само што вистински нè освежува, туку ни ја дава и потребната енергија да функционираме и да се чувствуваме пријатно за време на високите летни температури.

Но, сте се запрашале ли зошто е тоа така? Ви ги издвојуваме најважните 5 причини зошто јогуртот е најдобро друштво токму во летниот период:

Јогурт
  1. Освежува – Првенствено, се разбира дека најважната и основна причина е токму тоа што јогуртот нè освежува. Послужен на вистинската, идеална температура, тој го разладува целиот организам, исто како и овошјето. Но, истовремено, кога силното сонце нè прави да се чувствуваме омалаксано и уморно, јогуртот инстантно ќе ни ја даде потребната енергија и може да претставува одлична замена за лесен оброк.
  2. Помага во борбата со вишокот килограми – Не е тајна дека во летната сезона особено внимаваме на исхраната. Присуството на калциум во јогуртот го спречува создавањето кортизол во организмот, а овој хормон, исто наречен и „хормон на стресот“, влијае врз зголемувањето на крвниот притисок и на шеќерот во крвта. Неизбалансирана количина кортизол доведува до покачување на тежината и зголемена анксиозност, па дневен внес од половина литар Битолски јогурт е доволно за да се му се спротивставиме на проблемот. Тој особено помага во согорувањето на масните наслаги и во исфрлањето на вишокот сол од организмот, а со своите карактеристики позитивно влијае врз линијата и врз крвниот притисок.
  3. Здравствени бенефити – Зошто е важно да сме здрави токму во лето? Одговорот е едноставен: подобар имун систем ни помага полесно да ги издржиме високите летни температури што знаат да достигнат и до 40 степени. Битолскиот јогурт помага при варењето на храната, исто така за полесна апсорпција на нутритивните вредности од другата храна што ја внесуваме, понатаму во лекување на стомачните инфекции и, секако – за подобрување на имунитетот.
  4. Одлична комбинација со секаков вид храна – Со овошје или салати, или, пак, како додаток на некое јадење – јогуртот претставува идеално решение за разладување и за освежување во топлите летни денови. Тој лесно се комбинира со секаква храна, а она што е особено важно е дека како лесна, летна и свежа комбинација, тој ќе ви биде незаменливо друштво на високите температури. Дополнително, како природен извор на калциум, минерали и витамини, Битолскиот јогурт се препорачува во секојдневната исхрана кај сите возрасти, во секое време и со секоја храна.
  5. Секогаш во кругот на семејството – Во летниот период, особено за време на одморите, сакаме да бидеме во кругот на најблиските. Веќе е добро познато дека токму Битолскиот јогурт е секогаш во кругот на семејството. Тој ги негува семејните вредности, традицијата на семејната трпеза и нè обединува за време на оброците. А кога е тоа најважно ако не за време на летото? Затоа, соберете го вашето семејство и вашите блиски на следниот летен семеен ручек, и заедно уживајте во заедничките моменти и во богатата трпеза на која задолжително друштво ви прави незаменливиот Битолски јогурт.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.