• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

5 корисни факти за мажите

13 октомври 2011, 14:49
  • cподели

Дали мажите лажат за да стигнат до секс? Сакаат ли мажите долга врска или повеќето се во потрага по кратки авантури? Што им е важно: изгледот или карактерот на жената?

Амбер Медисон, којашто долго време ја изучува човечката сексуалност, направила истражување за да даде одговор на овие прашања. Во истражувањето таа вклучила 1000 мажи на различна возраст и со различна професија и врз основа на резултатите ја напишала книгата „Are All Guys Assholes?“.

Среќен парГолем број мажи би глумеле заинтересираност за една девојка и нејзиниот живот за да стигнат до секс

Еве пет корисни и интересни заклучоци од нејзиното истражување:

1. 35% од мажите би лажеле за да стигнат до секс

Истражувањето покажало дека 44% од мажите би излегувале со девојка неколку пати, често би ѝ праќале пораки и би глумеле дека се заинтересирани за неа и за нејзиниот живот само за да имаат секс со неа. А 35% се подготвени да лажат за тоа колку сакаат да се обврзани кон некоја девојка само за стигнат до секс.

2. Повеќето мажи сакаат долга врска и скоро сите сакаат еден ден да се женат

73% од мажите признале дека најмногу се заинтересирани за врска, 18% признале дека сакаат само краткотрајна љубовна авантура, а само 8% основно се во потрага по секс.

95% од мажите сакаат еден ден да се оженат, а просечната возраст на којашто сакаат тоа да се случи е 32 и пол години.

3. На мажите им е важен карактерот на жените

Во истражувањето мажите требало со оценка од 1 до 5 да ги оценат различните карактерни црти на жените. Дури 60% со највисока оценка го оцениле хуморот, 54% највисоко ја оцениле грижливоста, а 30% со петка го оцениле изгледот.

4. Мажите се плашат да кажат „те сакам“

Мажите го одложуваат изговарањето на „те сакам“ затоа што се плашат и затоа што сакаат девојката да е таа што прва ќе изјави љубов.

5. На мажите им се допаѓа кога жените покажуваат интерес кон нив

Иако повеќето експерти советуваат жените да чекаат мажот да го направи првиот чекор, истражувањето на Амбер покажало дека на мажите им е особено пријатно кога девојка ќе ги покани за излегување. Околу 50% признале дека тоа ги возбудува, 45% би биле неутрални кон таквата постапка, а само 5% не ја одобруваат.

Tags
мажи-жени

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.