• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

5-годишниот Огнен од Србија сруши светски рекорд и стана најмладиот освојувач на Килиманџаро

10 август 2023, 09:40
  • cподели

Слатко момче од Србија постави рекорд кој речиси е невозможно да биде срушен.

5-годишниот Огнен Живковиќ се искачи на највисокиот врв во Африка и го сруши светскиот рекорд како Најмлад освојувач на Килиманџаро.

Огнен Живковиќ Огнен Живковиќ

Ова фасцинантно момче, заедно со татко му Зоран, успеа да се искачи на врвот на надморска височина од 5.895 метри за само 6 дена. Со помош на својата експедиција, на -15 степени целзиусови, Огнен го дочека изгрејсонцето на покривот на Африка.

„По само три часа сон, Оги на полноќ тргна на -15 степени целзиусови и утрото го дочека раѓањето на сонцето над црниот континент како нов најмлад владетел на Африка на својот трон на висина од 5.895 метри“ – напиша Зоран.

Огнен Живковиќ Огнен Живковиќ

Огнен планинари од 3-годишна возраст, а љубовта кон планините, природата и географијата ги доби од родителите.

Огнен Живковиќ Огнен Живковиќ

Смелото момче го сруши рекордот поставен од Колтон Танер од Ново Мексико, кој го освои Килиманџаро на 6-годишна возраст. Бидејќи во рекордите се сметаат само годините на децата, а не и нивните месеци, речиси е невозможно да се сруши рекордот на Огнен. Кога некое дете би се обидело да го сруши рекордот, тоа треба да го направи на 4-годишна возраст, што според експертите е невозможно.

Огнен Живковиќ Огнен Живковиќ

„Прочитавме на интернет за 6-годишно дете од Америка, кое го освои покривот на Африка. Гледајќи снимки од тоа дете сфативме дека нашиот син со српска крв има подобри предиспозиции. Желбата за освојување на Килиманџаро растеше секој ден, а ние трениравме и трениравме поради здравје и љубов кон природата. На крајот одлучивме, затоа што сфативме дека навистина го можеме тоа“ – рекла мајката Катерина.

Огнен Живковиќ Огнен Живковиќ
Tags
рекорд

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.