• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

4.011 донирани компјутери, 4.011 подарени иднини: Борче Стаменов со моќна порака за успехот на „Донирај компјутер“

16 јули 2026, 14:44
  • cподели
Борче Стаменов

Кога пред десет години Борче Стаменов рече „Дечки, имам една идеја, ама не е ништо посебно“, веројатно ни самиот не претпоставуваше дека тоа „ништо посебно“ ќе прерасне во движење кое ќе испише историја. Денес, со донирањето на компјутерот со реден број 4.011, иницијативата „Донирај компјутер“ е огледало на една неизмерна човечка добрина.

Борче и тимот околу него докажаа дека кога луѓето ќе се обединат околу заедничка цел, „невозможното“ станува реалност. Собирајќи стари и неисправни компјутери и лаптопи, вложувајќи многу време и труд да ги доведат во добра состојба и подарувајќи ги таму каде што е најнеопходно, тие им дадоа шанса на илјадници деца да учат, да напредуваат и да се чувствуваат рамноправни со нивните врсници.

Борче Стаменов
Борче Стаменов 

Во својата моќна порака, тој им се заблагодари на сите кои помогнале и уверено порача: „Сега одиме на 5000!“.

4011!!!

Денес го донираме компјутерот со реден број 4011.

За многу луѓе, тоа е само бројка. За нас ова се 4011 приказни.

Го претставува детето кое конечно може да посетува онлајн часови без да позајмува уред. Го претставува ученикот кој ја напишал својата прва домашна задача на својот компјутер. Ги претставува родителите кои за првпат почувствуваа дека нивното дете има исти можности како и сите други и дека не е заборавено. Пред десет години започнавме со една едноставна мисла: Дечки, имам една идеја ама не е ништо посебно. Започнавме со мислаа дека дека местото каде што се раѓа детето и колку пари заработуваат неговите родители никогаш не треба да ја одредуваат неговата иднина. Многумина ја сметаа идејата за смешна и невозможна. И сепак денес повеќе од четири илјади семејства низ цела Македонија можат да посведочат дека невозможните работи стануваат можни кога луѓето ќе одлучат да не го свртат погледот. Оваа иницијатива никогаш не била изградена врз големи буџети, грантови, политичка поддршка или големи ветувања. Изградена е врз хуманост.

Изградена е од граѓани кои ги донираа своите стари компјутери наместо да ги фрлат. Изградена е со помош на повеќе од стотина волонтери кои го дадоа своето време, знаење, викенди и безброј часови неплатена работа. Изградена е од компании кои препознаа искреност, транспарентност и желба да се помогне секому. Сакам да изразам посебна благодарност до некои од луѓето и компаниите кои ја носеа оваа мисија на своите рамена од своите сами почетоци.

Како прво до граѓаните на Македонија, кои веруваа во нас од првиот ден.

До Neptun, коi ни ја стави целата своја логистичка мрежа на располагање, помагајќи ни да стигнеме до семејствата во секој агол од земјата.
До Dadi Kompani, кои месец за месец се погрижија трошоците за гориво никогаш да не нe' запрат.
До Ми Комерц 2000, што ни ги покрива нашите трошоци за патарина и овозможи илјадници километри хуманитарни испораки.
И до Андреева Консалтинг, што ни обезбедија сметководствени услуги бесплатно од самиот почеток!

Денешните стоечки овации одат токму за нив.

Морам да спомнам и еден друг момент. 

Фактот дека иницијатива како нашата е неопходна треба да не загрижи сите нас и дека треба да ставиме прст на чело.

Затоа што пристапот до технологијата повеќе не треба да е луксуз. Тоа е пристап до образование. Тоа е пристап до знаење. Тоа е пристап до можности и ниедно дете во 2026 година не треба да биде оставено зад себе затоа што нема компјутер. Компјутерот број 4011 затоа е и прослава и потсетник.

Прослава на она што граѓаните можат да постигнат кога се обединуваат околу заедничка цел. И потсетник дека нашата работа не е завршена. Затоа што во Македонија некаде се' уште има дете кое чека. Училиште кое не изведува настава поради недостаток на соодветна опрема. Болница која пролонгира или одложува третмани поради немање алат за работа. Сите тие чекаат можност и подобри времиња, а време за чекање нема.

Додека постојат такви деца, ученици, студенти, улчилишта, болници, ќе постои и #ДонирајКомпјутер
Затоа што нашата мисија никогаш не беа компјутерите. Нашата мисија е достоинство, еднаквост и фер шанса за секого. И видете ако мала група решителни луѓе успеале да променат повеќе од четири илјади животи, замислете што би можеле да постигнеме ако целото општество се движеше во иста насока.

Балагодариме на секој донатор, секој волонтер, секоја компанија, секој пријател на оваа иницијатива. Ова достигнување ви припаѓа на сите вас.

А утре? Продолжуваме каде што застанавме. А застанавме овде: 
3991, Скопје
3992, Скопје
3993, Кавадарци
3994, Кавадарци
3995, Неготино
3996, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
3997, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
3998, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
3999, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4000, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4001, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4002, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4003, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4004, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4005, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4006, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4007, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4008, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4009, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4010, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4011, Кавадарци

Ете другари, сега одиме на 5000! Споделете да видат сите, оваква вест досега во модерна Македонија се нема случено ❤️

Донирај компјутер

Tags
Борче Стаменов
Донирај компјутер

Најнови

  • Баба Стојна од Крива Паланка го прослави 100-тиот роденден, доби честитки и торта од градоначалникот Митовски

    Thu, 07/16/2026 - 14:53
  • Борче Стаменов

    4.011 донирани компјутери, 4.011 подарени иднини: Борче Стаменов со моќна порака за успехот на „Донирај компјутер“

    Thu, 07/16/2026 - 14:44
  • „На зима ми спијат штрковите во ходник, се грижам сама за 60 животни“: Македонката Мариа Дуда спасува повредени животни

    Thu, 07/16/2026 - 13:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.