• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

4 нешта со кои мажите им ја убиваат желбата за секс на жените

21 март 2012, 15:52
  • cподели

Минатиот месец канадски истражувачи објавија податоци кои укажуваат на тоа дека желбата за секс на жените во долга врска се намалува со текот на времето, а желбата за секс на мажите останува иста.

Проблеми во спалната

Со цел да открие барем дел од причините кои го предизвикуваат тоа, машкото списание Men’s Health побара мислење од експерти. Еве со кои постапки мажите го намалуваат женското либидо:

  1. Го игнорираат изгледот на својата партнерка. „Момците во долга врска се склони помалку да забележуваат кога нивната партнерка изгледа убаво, а желбата за секс кај жените во голема мера е поврзана со чувството на самодоверба“ – изјавил докторот на науки Јан Кернер, кој ги советува мажите почесто да им даваат комплименти на своите сакани за тие да можат да почувствуваат дека се секси.
  2. Вршат притисок врз својата партнерка за доживување на оргазам. „Добриот секс се темели на поврзаност и сензуално задоволство, а не на бројот на доживеани оргазми“ – вели Манија Робинсон. Таа ги советува мажите да не им поставуваат на жените прашања поврзани со оргазам и да бидат опуштени, бидејќи тоа е добро и за нивната ерекција и за либидото на нивната партнерка.
  3. Го споредуваат реалниот секс со порното. Експертите велат дека сексот во реалниот живот не е како во порно филмовите, па луѓето не треба да си создаваат нереална претстава за сексуалниот однос. Експертите ги советуваат мажите дека не е препорачливо сè што виделе на филм да го префрлат во реалност, бидејќи понекогаш може да не е безбедно, а понекогаш може да им е одбивно на нивните партнерки.
  4. Ги запоставуваат бакнежите и прегратките. Мажите кои се во подолга врска веднаш скокаат кон сексуалниот акт и забораваат на предиграта. Тие често го игнорираат фактот дека сексуалната возбуда кај жените се појавува постепено и дека малите нешта како милувања, прегратки и бакнежи ја будат и зголемуваат возбудата кај нивните партнерки.
Tags
желба за секс
либидо

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.