• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„4 часа им делевме храна на луѓе кои немаат што да јадат“: Тамара Николиќ ѝ одржа важна лекција на ќерката која добивала сè што ќе посакала

30 октомври 2026, 13:59
  • cподели

Тамара Николиќ сподели важна лекција, која ѝ ја одржала на ќерката во момент кога таа била навикната да добива сè што ќе посака.

Убавата српска манекенка, во поткастот „Why So Serious“, раскажа дека во еден период забележала неблагодарност кај нејзиното дете. Наместо разговорот да заврши со вообичаеното родителско објаснување дека не може секогаш да се добива сè, Тамара решила ќерка ѝ лично да доживее нешто што ќе ѝ помогне да размислува поинаку.

„Моето дете, на пример, во еден момент почна да добива сè што ќе посака“ – раскажала манекенката, објаснувајќи дека сакала да најде начин да ѝ помогне на ќерката да развие поголема благодарност и разбирање за потребите на другите.

Затоа, таа ја однела во Верското добротворно старателство, хуманитарна организација при Српската православна црква, во која секојдневно се обезбедуваат оброци за 2.000 луѓе кои немаат што да јадат. Организацијата помага да се нахранат бездомници и постари лица без пензија или социјални примања, но и луѓе кои поради различни животни околности не можат да си ги обезбедат ниту основните потреби.

„Супер, љубов моја, денес одиш со мама да помагаме. Каде одиме? Одиме да им дадеме храна на чичковците и тетките. Каква храна? Тие немаат што да јадат“ – го раскажа таа разговорот со ќерката.

Мајката и ќерката поминале цели четири часа во хуманитарната организација, помагајќи при поделбата на оброците.

„Стоеше четири часа до мене. Само ние двете... Делевме грав во кеси и им дававме на бабите и дедовците кои поминуваа. Таа го ставаше, а јас го давав. После тоа... Кога ќе кажам дека не може, тогаш не може, таа разбира“ – сподели манекенката.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by WTF RADIO (@wtfradio_rs)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🧿TAMARA NIKOLIC (@tamaranikolicofficial)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🧿TAMARA NIKOLIC (@tamaranikolicofficial)

Целиот подкаст:

Tags
Тамара Николиќ

Најнови

  • „30 години заедно… а денес со едно празно место кое не може да се пополни“: Родителите на Ивона која загина во „Пулс“ неутешни на годишнината

    Wed, 11/04/2026 - 12:29
  • „Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио

    Wed, 11/04/2026 - 11:52
  • „Оној кој не ви купува цвеќе за роденден, тој не е за вас“: Сергеј Ќетковиќ со совет за своите ќерки

    Wed, 11/04/2026 - 10:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.