„300+ километри во еден правец, неколку паузи, укочени нозе... ама вредеше“: Петар Стојанов и Емра Куртишова на мото авантура
Петар Стојанов и Емра Куртишова ја имаа првата заедничка мото авантура, која ги однесе од Гевгелија до Охрид.
Со повеќе од 300 километри во еден правец, неколку паузи и „укочени нозе“, патувањето им донело незаборавни спомени и многу причини за насмевка.
Македонските актери на Instagram споделија моменти од патувањето на мотор, а во описот напишаа:
„Прв ден. Прва мото авантура. Од Гевгелија до Охрид. Малку ветер, малку сонце, многу спомени. 300+ километри во еден правец, неколку паузи, укочени нозе... ама вредеше секоја минута“.
Емра и Петар се запознале во Театарот за деца и младинци, каде што се колеги. Тие се заедно повеќе од шест години, својата љубов ја крунисаа со брак во јуни 2023 година, а нивната ќерка се роди на крајот од истата година.