• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

2 април 2025, 12:26
  • cподели

Модата отсекогаш била повеќе од крој и текстура. Таа е културна изјава, средство за комуникација, рефлексија на времето. На јубилејното 30-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNI Bank, модата не е само изложена – таа се живее.

Оваа година, под слоганот „Community“, FWSK 30 ја става заедницата во центарот на својата визија. Ова не е модна недела што гледа само кон пистата – ова е модна недела што гледа кон луѓето. Бидејќи што е модата без оние што ја носат, што ѝ даваат значење, што ја претвораат во израз?

Во време на масовна продукција и брзи трендови, FWSK 30 го поставува прашањето: Кој ја дефинира модата денес?

Стилот е твој. Приказната е заедничка.

FWSK

Од 25 до 27 април 2025 Diamond Residence А Class office кој е дел од проектот Diamond of Skopje ќе стане креативен хаб каде што модата, уметноста и заедницата се судираат, создавајќи нешто поголемо од сезонска колекција – создавајќи движење.

Оваа година, со гордост го најавуваме УНИ Банка како генерален партнер, поддржувач на идејата дека модата не е само визуелен спектакл, туку културен дијалог. Со нивна поддршка, FWSK не само што ја слави модата – туку и ја редефинира.

Ова не е само уште една сезона. Ова е еволуција.

Модни ревии што раскажуваат приказни, а не само трендови. Public Talk Marathon што го отвора прашањето за одржливост, културна релевантност и улогата на модата во дигиталната ера. Визуелни инсталации и интерактивни изложби на ДЛУМ што ја истражуваат тема на „Community” како форма на самоизразување. Дигитален проект – заедницата учествува во создавањето на „Community Outfits“ преку „mirrorfit-check“ со креации од домашни дизајнери.

Оваа година, FWSK 30 ја прославува индивидуалноста како колективна сила.

Публиката нема да бидат само љубителите на модата – ќе бидат оние што ја чувствуваат како социјален и културен феномен. Оние што знаат дека во модата стилот е личен, но промената е колективна.

Fashion Weekend Skopje го помести почетокот на 30. издание за крај на овој месец, од 25 до 27април,поради трагедијата што го потресе Кочани и целата јавност. Со солидарност и сочувство кон семејствата и заедницата, FWSK е со уште поголема посветеност на вредностите што ги обединуваат луѓето – културата, уметноста и заедништвото.

Повеќе информации и целата програма ќе ја најдете на: https://fashionweekendskopje.mk/wp-content/uploads/2025/03/Programme-FWSK30-powered-by-UNIBank-MK.pdf

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.