• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

27-годишна мајка од Србија роди бебе тешко речиси 6,5 кг и долго 68 см

9 август 2023, 09:15
  • cподели

Во Србија се роди бебе тешко 6,42 килограми и долго 68 сантиметри.

Мајката Сузана Кучина се породи изминатиов викенд со царски рез и на овој свет го донесе синчето Павле.

Семејството воопшто не очекувало дека бебенцето ќе се роди толку големо. „По ултразвукот докторот рече дека има околу 4,2 кг“ – открила мајката.

Сузана и Павле

Ова е трето дете на Сузана, а прво од бракот со нејзиниот сегашен сопруг. Таа има 7-годишен син и 5-годишна ќерка од првиот брак.

Другите нејзини деца биле родени со нормална тежина од 3,7 кг.

„Немаше разлика во однос на првите две бремености. Единствено можеби јадев малку повеќе, но само солени оброци и бев побавна. Сега знам зошто, бидејќи бебето беше навистина големо. Не знам како порасна толку, но многу сме среќни. Најважно од сè е што сè помина како што треба“ – изјавила 27-годишната мајка.

Сузана и Павле
Tags
бебе

Најнови

  • Борко и Нина Ристовски

    Букет и романтична посвета: Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина

    Sat, 10/31/2026 - 21:04
  • Fashion Weekend Skopje

    Модата како уметничко дело го отвори 33. Fashion Weekend Skopje

    Sat, 10/31/2026 - 20:19
  • Макфест 2026

    Штип во знакот на музиката: Како помина отворањето на „Макфест 2026“?

    Sat, 10/31/2026 - 18:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.