• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

24-годишна наставничка победи на Мис на светот, Македонија ја претставуваше Ева Величковска

7 септември 2026, 10:19
  • cподели

Доминиканската убавица Јохеири Мола беше прогласена за Мис на светот 2026 на спектакуларното финале кое се одржа во Нја Чанг, Виетнам.

Мис на светот

24-годишната наставничка, новинарка и хуманитарна активистка ја освои престижната титула во конкуренција на 111 претставнички од целиот свет. Круната ѝ ја предаде минатогодишната победничка, Опал Сучата Чангсри од Тајланд.

Мис на светот
Мис на светот
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Miss World (@missworld)

За прва придружничка беше избрана Елизабет Рејнес од Шпанија, а титулата втора придружничка ја освои Танусија Чети од Малезија.

Мис на светот
Мис на светот

Новата Мис на светот работи како наставничка по литература и општествени науки на англиски јазик. Таа е основачка и претседателка на иницијативата „Voices of Tomorrow“, преку која им овозможува на деца и млади од ранливи заедници да учат англиски јазик.

Во финалниот круг, Мола зборуваше за важноста на образованието и за тоа како познавањето јазици може да им отвори нови можности на младите. Нејзината посветеност на хуманитарната работа беше еден од клучните моменти во нејзиниот настап.

Мис на светот

Македонска претставничка беше Ева Величковска, која не се пласира во Топ 40, но имаше можност да ја претстави нашата земја на светската сцена и да биде дел од 73-тото издание на натпреварот.

Ева Величковска
Ева Величковска

Финалето се одржа на голема сцена покрај илјадници гледачи. Виетнам за првпат беше домаќин на престижниот натпревар за убавина.

Мис на светот
Tags
мис на светот
Ева Величковска

Најнови

  • Ragusa

    Зошто во Македонија никој не прави свадба во зима?

    Fri, 10/23/2026 - 12:00
  • „Жал ми е што жените сè уште слушаат: ‘Мајка си, тоа е дел од процесот’“: Физиотерапевтката Ивана за проблемите по породувањето кои не треба да се игнорираат

    Thu, 10/22/2026 - 23:45
  • ЕДС

    Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 октомври 2026 изнесува 263,22 евра за мегават час, на МЕМО 249,48 евра за мегават час

    Thu, 10/22/2026 - 15:12
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.