• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

12-ти Ерсте инвеститорски појадок во организација на Ерсте Груп и Шпаркасе Банка АД Скопје

14 ноември 2025, 13:13
  • cподели

Вчера во хотелот „Мериот“ во Скопје се одржа 12-тиот Ерсте инвеститорски појадок, традиционален настан во организација на Ерсте Груп и Шпаркасе Банка АД Скопје, кој и годинава на едно место ги собра водечките експерти од финансискиот и економскиот сектор. Темата на годинашниот настан, „Навигација низ иднината на инвестициите: макроекономија, тргување и вештачка интелигенција“, беше фокусирана на најновите глобални и регионални економски трендови што влијаат врз инвестициските стратегии и пазарите на капитал.

Настанот го отвори г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, која во своето воведно обраќање ја истакна важноста на ваквите иницијативи за унапредување на знаењето, поттикнување на деловниот дијалог и поддршка на стабилен и одржлив економски развој.

„Драго ми е што овој настан прерасна во етаблирана платформа и препознатлив бренд во финансиската индустрија, а овогодишната тема се надоврзува на потребата да се погледне напред. Иако предизвиците од глобалните економски текови, климатските промени и регионалните нестабилности остануваат присутни, верувам дека зголемените инвестиции и контролата на инфлацијата, во корелација со корисноста од вештачката интелигенција и машинското учење, можат да создадат особено поволни услови за економски напредок“ – изјави г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на УО на Шпаркасе Банка.

Ерсте инвеститорски појадок

Инаку, Шпаркасе Банка ги поддржува локалните инвеститори и нуди услуги за тргување со хартии од вредност на домашни и на странски пазари – тргување преку најголемите 40 берзи во светот, и во моментов Банката има највисоко пазарно учество од 45 % во делот на тргување на странски пазари.

На настанот, покрај претставниците на Шпаркасе Банка, учествуваа гости од институции и експерти од Ерсте Груп. Г-ѓа Ана Митреска, заменик-гувернер на Народната банка, ги сподели своите видувања за монетарната политика, за инфлацијата и за економскиот раст, додека г-ѓа Гордана Димитриеска-Кочоска од Министерството за финансии истакна дека дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор е клучен за стабилност и доверба.

Ерсте инвеститорски појадок

Г. Мате Јелиќ, виш макроекономски аналитичар во Ерсте и Штаермеркише Банка, презентираше анализи за глобалните и регионалните економски трендови и за инвестициските можности. Во вториот дел, г. Закари Карвел од Ерсте Банка АГ и г. Лукаш Бихари од Плуридио зборуваа за примената на машинско учење и на технологијата во тргувањето и управувањето со ризик.

Настанот заврши со дискусијата „Еспресо за пазарите на должнички капитал“, со г. Томислав Нералиќ и г. Антун Буриќ од Ерсте Груп, фокусирана на трендовите, на ликвидноста и на перспективите на регионални пазари на капитал.

Дванаесеттиот Ерсте инвеститорски појадок повторно потврди дека Ерсте Груп и Шпаркасе Банка АД Скопје остануваат посветени на создавање платформа за професионален дијалог и размена на експертиза меѓу носителите на економските политики, финансиските институции и инвеститорската заедница.

Годинава настанот се одржа непосредно по одбележувањето на големиот јубилеј – 200 години од основањето на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, од која Шпаркасе Банка АД Скопје е дел речиси две децении. Инвеститорскиот појадок претставува единствен настан во земјата што ги обединува водечките економски експерти, претставници на институции и инвеститори заради размена на искуства, стекнување нови знаења за тргување и инвестирање, како и поттикнување одржлив економски раст и инвестициски активности во земјата и пошироко.

Ерсте инвеститорски појадок Ерсте инвеститорски појадок Ерсте инвеститорски појадок Ерсте инвеститорски појадок

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.