• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Слабеење

10 трикови за слабеење без диета

15 јануари 2010, 06:03
  • cподели
Тенка чаша со сокЧаша со виноЗелен чајСупаВегетаријанска пицаЖена што јаде зеленчукМала порцијаГуми за џвакањеЖена во претесни фармеркиЖена што спие

Користете тенки високи чаши

Ако употребувате тенки високи чаши, наместо ниски и широки, тогаш скратувате од „течните“ калории. Истражувањата покажале дека луѓето се склони повеќе да ја полнат чашата кога таа е ниска и широка. Високите чаши ќе ви помогнат да пиете околу 30% помалку сок, вино или друг пијалок.

Ограничете го алкохолот

Многу луѓе ги занемаруваат калориите од алкохолот. Вистината е дека алкохолот содржи повеќе калории на еден грам, отколку протеините и јаглехидратите. Затоа, колку што можете избегнувајте го алкохолот. Кога пиете, по првиот пијалок, направете пауза со некалоричен пијалок како газирана минерална вода.

Алкохолот раѓа поголем апетит за грицки како чипси, бадеми, ф’стаци и сл., кои со себе носат и многу калории.

Пијте зелен чај

Зелениот чај станува сè попопуларен, особено меѓу луѓето кои сакаат да скинат некое килце. Тој помага во согорувањето на масните наслаги, ја забрзува работата на метаболизмот и со тоа придонесува за намалување на тежината.

Освен што ќе ви помогне во борбата со килограмите, зелениот чај е одличен и за подобрување на целосното здравје, затоа што помага во заштитата од многу болести.

Јадете супа

Доколку додадете супа во вашето секојдневно мени, ќе внесувате помалку калории. Најдобро е супата да ја консумирате на почетокот на вашиот оброк. Таа ќе ви помогне да го намалите апетитот за друга храна, затоа што ќе ве засити. Во идеален случај, оброкот би требало да биде составен од супа и зеленчуци.

Избегнувајте ги крем супите, затоа што тие содржат повеќе калории од бистрите супи.

Вегетаријанска пица и тестенини со доматен сос

Ако едноставно не можете да живеете без убавата вкусна пица, тогаш изберете пица со зеленчуци. Само со тоа што ќе го исклучите месото, ќе скратите 100 калории од вашиот оброк. Употребувајте нискомаслено сирење и избегнувајте го кашкавалот.

Секогаш избирајте ги тестенините со доматен сос, наспроти тестенините со крем сос. Тестенините со сос од домати имаат помалку калории.

Долги оброци

Ова е еден од најпрепорачуваните трикови за намалување на килограмите, кога не се користи диета. Зголемете го времето за хранење. Џвакајте бавно и уживајте во вкусот на храната со секој залак.

Бавното хранење ќе направи да се чувствувате позадоволни и сити од помалку храна. Така мозокот ќе има доволно време да добие информација кога сте најадени и ќе го избегнете прејадувањето.

Искористете ја паузата за време на јадењето

Најголем дел од луѓето прават мала пауза кога се при крај со јадењето. Сигурно и вас ви се има случено да жалите што сте продолжиле со јадењето после таа пауза. Искористете го тој момент за да прекинете со консумација на оброкот.

Паузата е сигнал на телото дека сте најадени, но не прејадени.

Заменете ги грицките со гума за џвакање од ментол

Џвакањето на гума со вкус на ментол е одличен трик за намалување на апетитот. Таа ќе ви попречи да ја полните устата со „штетни“ грицки. Ментолот го убива убавиот вкус на храната.

Ставете ја на видливо место „надраснатата“ облека

Многу е важно да бидете мотивирани и да си поставите некоја цел. Омилената облека која во моментов ви е претесна ставете ја на видливо место. Така секој ден ќе имате можност да се потсетувате што ќе добиете ако се ослободите од вишокот килограми.

Прво на мета нека ви бидат фармерки кои што за малку не успевате да ги закопчате. Откако ќе ја постигнете таа цел, одете еден чекор понапред и мотивирајте се со потесен фустан.

Спијте повеќе

Недоволниот сон го зголемува апетитот и вие почесто чувствувате глад. Доколку спиете еден час повеќе од вообичаено, тоа може да ви помогне да ослабете 6 килограми годишно, докажаа истражувачите на Универзитетот во Мичиген.

Резултатите од ова истражување покажале и дека кога бескорисното безделничење е заменето со спиење, во просек се намалува внесувањето на калории со 6%.

Tags
слабеење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.