• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

„10 дена нема трага од штркот Мишко“: Ленче од Гевгелија неуморно го бара штркот кој го спаси и 3 години живееше со неа

11 декември 2025, 20:33
  • cподели

Ленче од Гевгелија е скромна и неверојатно пожртвувана жена која со години докажува дека вистинската хуманост не бара ништо за возврат. Во нејзиниот двор живееше штркот Мишко, кој поради повреда не можеше да се врати во дивината. Го хранеше, му создаде услови за живот, му даде безбедност и мир, а кога конечно оздраве, птицата одлучи да не замине и остана кај неа. Но сега, по три заеднички зими, Мишко го нема.

Тагата на Ленче се чувствува во секој збор што го изговара:

„За жал, Мишко летна и не се врати. Tоа го правеше секој ден, но се враќаше. Десет дена нема трага од него… тешко ги поминувам деновите, жалам за него, кој знае каде е.“

Ленче од Гевгелија со штркот Мишко

Денес добила информација дека можеби е виден кај бензинска пумпа во Кадино, но потрагата била безуспешна.

„Отиде еден дечко сабајле, бил таму, после го немало. Сега барам помош од активисти дали е навистина во Скопско, што не верувам… да знам дека е, веднаш ќе одам“ – вели таа.

Штркот Мишко

И овие зимски денови требаше да ги поминуваат заедно.

„Оваа требаше да биде наша трета заедничка зима… си живееше во дворот, задоволен со сè. Но еве, овој пат што се случи со него, не знам“ – вели Алексовска.

Но, Мишко не е единствениот штрк кому Ленче му била последна надеж. Таа моментално се грижи и за уште два штрка, сериозно повредени.

„Имам уште два – еден без крило, друг со две скршени крила. Ги хранам со риби, со поевтини месни варијанти. Бескрајно ги сакам и водам грижа да не се гладни или жедни“ – раскажува.

Додека зборува, тие мирно шетаат во дворот, како да се чувствуваат дека се безбедни тука.

„Еве ги, слободно шетаат до вечер. Овде се, во дворот од еден сосед, попладне сами си влегуваат во мојот двор.“

Штркови во Гевгелија
Штркови во Гевгелија
Штркот Мишко во Гевгелија

И покрај оваа огромна грижа, таа нема дополнителна помош.

„А за храна – донација од никој. Институцијата ‘Заштита на дивите птици’ воопшто не сака да разговара.“

Ленче вели дека во Полска ваквите случаи се системски решени, со засолништа, ресурси и институционална грижа. Тука сè е оставено на ентузијазам, срце и хуманост.

Ленче со штркот Мишко

Пријателството помеѓу Ленче и Мишко не е обична приказна и не смее да заврши вака. Нејзина единствена желба е во дворот повторно да се слушне неговиот чекор или барем да добие информација каде е и дали е добро.

Секој што можеби го видел, секој што може да помогне, слободно да ја контактира.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk
 

Најнови

  • Ленче од Гевгелија со штркот Мишко

    „10 дена нема трага од штркот Мишко“: Ленче од Гевгелија неуморно го бара штркот кој го спаси и 3 години живееше со неа

    Thu, 12/11/2025 - 20:33
  • Jumbo во Vero

    ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

    Thu, 12/11/2025 - 16:14
  • Меланија Трамп со Дедо Мраз го шири празничниот дух кај дечиња во воена база

    Thu, 12/11/2025 - 14:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.