• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

1 милион собрани насмевки, за подобра нега и грижа за децата

26 ноември 2014, 12:00
  • cподели

По повод својот голем јубилеј – 70 години постоење и функционирање, Стопанска банка реализира донација на софистицирана опрема во детските здравствени установи низ Македонија, чии средства беа собрани како резултат на големата хуманитарна акција „Подари насмевка“ која Банката ја организираше во период од јуни до октомври оваа година. Станува збор за донација на уникатна медицинска опрема, единствена во државата и во регионот, напреден ехо апарат од производителот „Mindray”, со која ќе се овозможи подобра и навремена дијагностика и правилен медицински третман на децата, наменета за Детската клиника во Скопје, додека донацијата за останатите градови: Струга, Струмица, Куманово и Прилеп, претставува дополнителна поволност, бидејќи децата од различни реони не мора да доаѓаат во Скопје, како до сега, за да го направат соодветниот преглед.

Стопанска банка Стопанска банка

„Во динамичното секојдневие, во кое главен приоритет на компаниите е да се постигнат квантифицирани цели не смееме да заборавиме дека мисијата на компаниите не е само растот, успехот и профитабилноста туку и да бидат општествено одговорни и да му возвратат на општеството за постигнувањата особено со поддршка на сограѓаните на кои најмногу им е потребна помош. Затоа, сакаме да го одбележиме овој наш значаен јубилеј со нешто убаво и незаборавно за нашето окружување, за нашите клиенти и сограѓани и да покажеме дека Стопанска банка АД – Скопје останува лидер не само во банкарскиот сектор туку и во општествената одговорност, активност со која посебно се гордееме. 70 годишнината ја прославивме заедно со нашите клиенти и токму денес ќе ја крунисаме со најголемата донација на Детската клиника – Скопје, како и со донација во здравствените домови низ Републиката“ – изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на УО на СБ.

Стопанска банка Стопанска банка Стопанска банка

Акцијата ја започнаа вработените на Стопанска банка, кои први подарија насмевка, а за многу кратко време, во период од јуни до октомври беа собрани 1.000.000 насмевки. За секоја насмевка, Стопанска банка донираше средства наменети за децата на кои им треба помош. Во хуманитарната акција се вклучија познати актери, водители, уредници, автори и други јавни личности давајќи свој личен придонес.

Стопанска банка АД – Скопје во изминатите неколку години донираше опрема и за Детската клиника Козле, на Клиниката за пулмологија и дополнително ја помагаше едукацијата и надградувањето на бројни доктори и медицински лица.

Tags
подари насмевка
Стопанска банка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.