Почетна » Забава » Хороскоп » Хороскопските знаци и сексот

Хороскопските знаци и сексот

Жена овен

Хороскопот и сексот

Дали некогаш сте се запрашале како хороскопскиот знак влијае врз вашата сексуалност и како да го возбудите вашиот партнер?

Кликнете горе врз соодветниот хороскопски знак и ќе дознаете.

Хороскопот и сексот » Овен

Овен

Родените во овој знак се неверојатно „жешки“ и едноставно го обожаваат сексот. За оние кои бараат страстен партнер кој го сака сексот, овните се идеални партнери. Оние пак што мечтаат за романтична врска, треба да знаат дека овните често ја мешаат страста со љубовта.

Во врска влегуваат прво и основно заради сексот, чувствата не се толку важни за нив. Сакаат да експериментираат, но кога ќе го најдат вистинскиот партнер кој може целосно да ги задоволи, остануваат со него и не „мрдаат“ настрана.

Оние кои сакаат долг секс, треба да имаат во предвид дека овните не се најдобрите партнери за нив. Овните сакаат краток секс, исполнет со страст, но без долга предигра. Тие сакаат директно да преминат на „главното“. Поради тоа често имаат проблеми со своите партнери.

Ако имате секс со маж овен, спремете ги вашите уши за гласни „крикови“. Тие се најгласниот знак во хороскопот. Тоа за нив е начин да го искажат задоволството.

Сексот со претставниците на овој знак е краток и бурен, а тие сакаат да доминираат во него, па најчесто се „одгоре“. Овните се управувани од Марс и тоа ги прави агресивни во секој поглед, особено во кревет.

Ерогени зони:
Лицето и главата, особено усните и ушите.

Имате партнер овен?

Ако сакате вашиот партнер да биде среќен со вас, најважно од сè е да бидете страсни в кревет и никогаш да не одбивате секс. Направете да се чувствува сигурен. Во спротивно, може да биде многу љубоморен.

Запомнете дека овните секогаш имаат високо мислење за себе, па затоа вашето тајно оружје се ласкањата и комплиментите. Немојте да бидете тивки за време на сексот, ласкајте му и бакнувајте го неговото уво. Особено ги привлекува придушената светлина и музиката.

Најдобар начин да заведеш овен е да му ја масираш главата. Ова е една од основните негови ерогени зони.

Први зборови после секс:
„Супер, ајде од почеток!“

Омилена поза:
Секогаш одгоре.

« Назад

Хороскопот и сексот » Бик

Бик

Биковите се најчувствителниот знак во хороскопот, по рибите. Родените под заштитата на Венера, обожаваат да ги галат своите партнери и да им ласкаат. Но, исто така сакаат да им биде ласкано и да бидат галени, чешкани и стимулирани за време на долга предигра.

Предиграта им е исто толку важна колку и самиот секс. Не сакаат да брзаат и сакаат долго, сензуално и пријатно водење на љубов. Тоа резултира со силен оргазам, каков што ретко кој друг може да достигне.

Машките претставници на бик се добри сопрузи, но нивните жени често се жалат дека не се доволно активни во кревет. Тие избираат пасивна улога и очекуваат жената да ги предводи.

Претставниците на овој знак не сакаат да експериментираат, ниту пак сакаат некакви перверзии. Најлесно паѓаат на нежност.

Некои луѓе преку сексот се чувствуваат моќни, други пак го сакаат за да се ослободат од стресот, но ништо од тоа не важи за биковите. Тие уживаат во сексот, го обожаваат и не можат да живеат без него. За нив сексот е природна работа.

Дејствуваат импулсивно и физички се силни, па поради тоа не се задоволуваат само со еден полов акт. Дури и кога нивниот партнер е исцрпен, тие сакаат да продолжат.

Физичкиот изглед им е многу важен. Биковите се многу атрактивни и многу им се допаѓа изгледот на родените во двата знаци управувани од Меркур – девица и близнаци, кои што можат да им понудат и разнообразен репертоар.

Ерогени зони:
Задниот дел на главата, вратот и грлото.

Имате партнер бик?

Доколку вашиот партнер е бик, треба да знаете дека го обожава сексот. Можеби му треба малку повеќе време додека да се возбуди, но кога ќе се возбуди тој е многу добар љубовник.

Ја обожава предиграта, па додека таа трае бакнувајте го неговиот врат и грлото. Тоа дополнително ќе го возбуди и пред вас ќе биде една неверојатна ноќ. Не брзајте, едноставно уживајте во долгата вечер.

Чувствителен е на ароми, но понекогаш може да ве шокира со преферирањето на природната миризба на телото.

Ако сакате да имате дополнителна стимулација, не се плашете да му предложите некаква идеја и тој со нетрпение ќе ја исполни.

Патот до неговото срце е преку стомакот. Затоа, пригответе му убава вечера или однесете го во некој луксузен ресторан.

Први зборови после секс:
„Сакам да јадам! Подај ми ја пицата!“

Омилена поза:
Мисионерската. Некои ќе ја наречат старомодна, но биковите се практични и во неа се чувствуваат најудобно.

« Назад

Хороскопот и сексот » Близнаци

Близнаци

Близнаците се господари на заведувањето и многу ќе погрешите ако мислите дека можете да ги имате само за себе. Не дозволуваат да бидат потчинети и имаат силна желба за слобода и независност во врската. Машките близнаци знаат да манипулираат со жените и ќе кажат сè, само за да завршите во нивниот кревет.

Ако сексот е ист подолго време, близнаците запаѓаат во монотонија, па затоа треба постојано да ги изненадувате, за да воспоставите длабока сексуална врска. Сакаат постојано да експериментираат и да пробуваат нови работи, со цел да го задоволат своето сексуално его. Поради тоа честопати имаат повеќе од еден сексуален партнер.

За време на сексот, љубовта и нежноста не се важни за близнаците. Сексот за нив е една голема забава. Ништо не може да ги шокира, па затоа не се изненадувајте ако помеѓу нив најдете и голем број хомосексуалци. Сакаат да пробаат сè, со секого и секаде.

Брзо зборуваат, брзо мислат и имаат во нив нешто специјално што ги прави многу привлечни. Секогаш се однесуваат младешки, никогаш не стареат духовно и се активни во и надвор од креветот.

На постари години близнаците се најдобрите љубовници од сите хороскопски знаци. Тие знаат да го стимулираат вашиот ум и тело и поради нивната креативност и бујна фантазија вас никогаш нема да ви биде досадно со нив „под чаршафите“.

Ерогени зони:
Рацете, прстите и рамената.

Имате партнер близнаци?

Немојте да ги заборавате неговите ерогени зони. Рацете, прстите и рамената се вашето тајно оружје со кое ќе го излудите. За да го запалите повеќе од секоја друга жена, движете ги устата и јазикот нагоре по неговите раце.

Сакаат разнообразие, па постојано правете нешто ново, изненадувајте го и не дозволувајте тоа да го направи некоја друга. Пробајте со секс на светло или пред огледало.

Уживајте во сексот со него. Единствено што треба да направите е да му дадете слобода да ги исполни своите сексуални фантазии.

Близнаците обожаваат да ја гледаат партнерката како ужива и тоа е нивната најголема мотивација.

Први зборови после секс:
„Каде е далечинскиот управувач?“

Омилена поза:
Позите не се многу важни за нив, сè додека им е се нуди разновидност. Но, ако мораат да избираат, ќе ја истакнат возбудливата поза 69.

« Назад

Хороскопот и сексот » Рак

Рак

Раковите се од оние личности кои постојано сакаат да добиваат комплименти и поддршка. Ако го добијат она што им е потребно, тие се предаваат и стануваат добри пријатели, љубовници и ваши обожаватели. Мажот рак сака да биде учителот, па неговата партнерка треба да се потруди да го убеди дека тој ѝ ги открил вистинските тајни на сексот.

За раковите, емотивната врска е поважна отколку сексот. Но, тоа не значи дека не сакаат да имаат редовно секс. Напротив, тие многу го сакаат сексот, но само со својот партнер. Не сакаат да ги менуваат партнерите, а своите ги сметаат за своја сопственост и никогаш не би ги изневериле.

Имаат огромна сексуална енергија, која понекогаш ги изненадува и нив самите. Предиграта секогаш е поважна за нив, отколку самиот оргазам.

Раковите сакаат сè да биде романтично. Често ги идеализираат своите партнери и еден погрешен потег може да ги уништи шансите за долга и романтична врска. Со текот на времето стануваат малку пореалистични и однесувањето кое порано ги навредувало, сега станува прифатливо за нив. Но, внимавајте! Во секое време може да се вратат на старите критериуми.

Тие се многу нежни и внимателни и секогаш се обидуваат да им го достават на својот партнер максималното задоволство. Поради тоа раковите се сметани за добри љубовници. Исто така, тие се идеални партнери за експериментирање и сакаат да водат љубов надвор од креветот – на маса, на машината за перење и т.н., но не и на јавни места.

Дали го сакате оралниот секс? Ако вашиот одговор е да, тогаш вас ви треба маж рак. Никој друг знак нема да ви даде поголемо задоволство, затоа што ракот ги знае тајните на „она место“ повеќе од сите други. Неговиот јазик во комбинација со неговите прсти ќе направи да се чувствувате подобро отсекогаш.

Ерогени зони:
Градите, особено брадавиците.

Имате партнер рак?

Треба да знаете дека градите се неговата ерогена зона. Штипнете ги неговите гради со врвовите на вашите прсти и тоа ќе го излуди многу повеќе, отколку вашето голо тело. Нема да погрешите ако рачно или орално ги стимулирате неговите ерогени зони.

Давајте му комплименти и постојано повторувајте му дека тој доминира во вашата врска, дури и да не е така. За да не го разочарате, не му кажувајте ако ви се познати оние работи во сексот на кои тој сака да ве научи. Уживајте во неговите инструкции.

Избегнувајте ги перверзиите и вулгарностите за време на сексот. Посветете ѝ се целосно на романтиката.

Не заборавајте, тој ви е исклучително верен, но за возврат сака да го добие од вас она во што тој најмногу ужива.

Први зборови после секс:
„Кога ќе правиме свадба?“

Омилена поза:
Секоја поза во која тие лежат на грбот, затоа што така се истакнати нивните најчувствителни места.

« Назад

Хороскопот и сексот » Лав

Лав

Сексуални авантуристи, креативни и способни да го задоволат секој партнер. Лавовите не сакаат предвидлив секс, туку секс исполнет со предизвици и авантури. Полудуваат од задоволство кога гледаат како им се восхитувате и комплиментите значат многу за нив.

Претставниците на знакот лав сакаат да доминираат. Преку сексот покажуваат дека се диви во кревет и сакаат да ги создаваат правилата. Го обожаваат самиот сексуален однос и не можат да разберат зошто некој би ја сакал предиграта.

Лавовите имаат потреба да видат дека вие уживате во сексот со нив. Не сакаат да практикуваат секс повеќе од еднаш дневно, но кога се расположени за секс, го прават со огромно задоволство.

Имаат неверојатна сексуална енергија и самодоверба во спалната. Дарежливи се и очекуваат да им биде возвратено во иста мера. Многу експерти сметаат дека лавовите се најдобри љубовници во хороскопот.

На машките претставници на лав, жените им се потребни исто толку, колку и храната и водата. Тие се самоуверени и сметаат дека секоја жена сонува за да биде со маж како нив. Два типа на жени можат да го привлечат вниманието на мажот лав - оние кои ќе направат да се чувствува како вистински крал или оние кои ќе ја разбудат неговата љубопитност преку тотална незаинтересираност.

Кога се заинтересирани за некого, лавовите знаат да сакаат и да ценат, но сакаат и да им биде возвратено. Кај нив важи правилото: „Јас те сакам, но ако ти не ме сакаш, нема да си трошам време со тебе“.

Ерогени зони:
Грбот.

Имате партнер лав?

Треба да знаете дека комплиментите му се исто толку потребни колку и воздухот, па не заборавајте постојано да му ги давате. Кажете му дека бил одличен и тој секогаш ќе биде тука за уште.

Не го заборавајте неговиот грб – најчувствителната негова зона.

Сака да му кажувате колку е добар во сексот, но уште повеќе сака да го гледа тоа со сопствените очи. Добро поставено огледало или видео камера не е лоша идеа за мажот лав.

Има потреба да види дека уживате во сексот со него, па покажете му дека тој е најдобриот љубовник кој што некогаш сте го имале.

Сака кога партнерката е во потчинета позиција и обожава орален секс, но само кога му го прават него.

Први зборови после секс:
„Не мислиш ли дека бев неверојатен?“

Омилена поза:
Кучешката, затоа што клечењето на неговата партнерка пред него му дава чувство на доминација. Мисионерската е уште една идеална поза за него.

« Назад

Хороскопот и сексот » Девица

Девица

Девиците во сексот бараат совршенство и поради тоа многу време поминуваат во потрага по совршен партнер. Некои од нив претпочитаат да се самозадоволуваат за да се ослободат од сексуалната тензија и можат да го чекаат вистинскиот партнер многу долго.

Премногу се критични, аналитични и претпазливи, се плашат од болести и инфекции, па пред да имаат секс со некого треба да помине подолго време. Не се личности кои би прифатиле секс за една вечер, премногу се скромни и резервирани и според нив сексот не треба да има големо значење во врската.

За девиците најважни се малите работи во сексот. Многу често магијата на сексот е токму во тие „ситници“, а девиците се мајстори за нив. Не сакаат изненадувања и експериментирања, туку сакаат сè да биде испланирано до детаљ.

Најчесто девиците немаат никакво или имаат минимално сексуално искуство пред да стапат во брак. Во брак покажуваат дека знаат да бидат добри сопружници, имаат среќен брак, верни се и тактични. Но, оваа ситуација се менува кога тие ќе ја достигнат 45-50 година. Често средновечните девици одеднаш сфаќаат дека нивната сексуална фантазија е побујна отколку што си мислеле и тоа често води до нови сексуални авантури. Тогаш се обидуваат да надокнадат за „изгубеното време“ на секој можен начин. Како што поминува времето тие стануваат сè посензуални.

Мажот девица е идеален за жена кај која желбата за секс се зголемува со секоја измината година. Додека мажите од другите хороскопски знаци ја губат желбата за секс и ги разочаруваат своите сопруги, мажите девици стануваат се пострасни и поиновативни.

Ерогени зони:
Стомакот, особено папокот.

Имате партнер девица?

Ако сакате тој целосно да ужива со вас, потрудете се не само за време на предиграта, но и за време на сексот да го допирате нежно неговиот стомак. Предиграта започнете ја со масажа на стомакот.

Бидете нежни за време на сексот, без ненадејни потези или удари. Тоа ќе го потресе и тој ќе се откаже од идеата за секс. Додека е млад не сака изненадувања и експерименирања во кревет.

Како што минува времето, така неговите сексуални желби стануваат сè поинтензивни. Направете сè што можете да го следите неговиот ритам, за да не мора друга да го направи тоа за вас. За средовечните мажи девици сексот треба да биде авантура, па вие треба да бидете подготвени да му ги исполните неговите сексуални фантазии.

Голем љубител е на чистотата и на хигиената. Немојте да си дозволите да пробате да имате секс со него без претходно да сте се истуширале. Или можете да му исполните една од големите желби – заедно да се туширате. Изненадете го со масажа на неговото тело со помош на сунѓерот или тушот. Тој ќе го цени тоа.

Први зборови после секс:
„Дај да ги видам чаршафите!“

Омилена поза:
Секоја во која има контакт со очи.

« Назад

Хороскопот и сексот » Вага

Вага

Вагите силно ги ценат интелегенцијата и добрите комуникациски способности, затоа немојте да мислите дека вашето убаво лице или тело се доволно за да го привлечете нивното внимание. Ја сакаат убавината и најчесто нивните домови се совршено дизајнирани.

Мразат да бидат избрзувани и сакаат долга и романтична предигра. Машките претставници на вага имаат сè што една жена може да посака – богата општа култура, добро ја познаваат човечката анатомија, знаат каде се наоѓаат ерогените зони, имаат добра интуиција и еротска фантазија. Ја сакаат водата и чистотата, па секогаш пред секс се тушираат и ги одржуваат мазни своите интимните делови.

Сè треба да биде идеално кога вагите имаат секс. Дури и најмалиот сомнеж дека не ве задоволуваат целосно, може да ја уништи нивната сексуална желба. Ако ова се случи, немојте да очајувате. Започнете со комплименти, кажете му дека го сакате и дека ви е многу убаво со него и тој ќе стане посмел, а вие нема да зажалите за тоа.

Издржливи се во сексот и нема да престанат сè додека не ве однесат до врвот. Нивната основна цел е да го задоволат својот партнер, па макар и тоа да трае цела вечер. Сексот е исполнет со сензуални движења и наликува на секс од некоја сцена во филм.

Вагите секогаш се обидуваат да најдат баланс помеѓу две работи, па така и меѓу половите, па меѓу нив можете да најдете многу бисексуалци. Оние пак кои не се бисексуалци се обидуваат да балансираат помеѓу своите желби и желбите на нивните партнери.

Ерогени зони:
Долниот дел од грбот и задникот.

Имате партнер вага?

Неговите ерогени зони се во долниот дел од грбот. Танцувајте бавно пред него и со рацете нежно галете го овој дел од грбот. Тоа ќе ја вжешти атмосферата. Ако го допрете тој дел од грбот на некое јавно место, тој со нетрпение ќе очекува да останете сами.

Кога веќе сте во спалната допирајте го постојано неговиот задник – тој го обожава тоа. Масирајте го и галете го на задникот - тоа му делува како екстаза.

Сака да гледа еротски сцени и многу често сака да се гледа самиот за време на секс. Поставете огледало во собата на место каде што може да се гледа додека водите љубов. Тоа ќе го запали уште повеќе, а од тоа може и вие да извлечете некаква полза.

Сака да му ласкате и да му кажувате постојано колку ви е убаво покрај него. Не заборавајте да му прошепнете барем еден комплимент за време на секс.

Би експериментирал буквално сè, па споделете некоја ваша фантазија со него и тој нема да одбие да ја претвори во реалност.

Први зборови после секс:
„Ако тебе ти се допадна и мене ми се допадна.“

Омилена поза:
Мисионерската поза.

« Назад

Хороскопот и сексот » Шкорпија

Шкорпија

За нив се верува дека се господари на сексот. Немаат никакви проблеми со заведувањето. Кога ќе ја маркираат својата жртва, не штедат средства за да ја освојат, а кога ќе ја освојат, таа станува нивна сопственост.

Понекогаш шкорпиите се погрешно претставувани, затоа што се смета дека мислат единствено на секс, но тоа не е баш така. Нивниот стил во сексот е неразбирлив за другите и комплициран. Тие можат да прават сè во кревет, но не со секого. Шкорпиите секогаш го чуваат во тајна својот интимен живот, единствено можете да прочитате од нивните очи колку е голема нивната желба за секс.

За да ги избегнете предрасудите за шкорпиите, треба да знаете дека нивното искуство не доаѓа од нивната промискуитетност, туку од нивната жестокост и висока чувствителност. Интензитетот на нивните емоции најчесто оди во крајности: болка, задоволство, страдање, сензуалност, егзотичност.

Од нив или ќе добиете сè или ништо. Вам или ќе ви се допадне сексот со нив или не, но едно е сигурно - никогаш нема да можете да ги заборавите. Тие сексот го сфаќаат многу сериозно и не сакаат секс за една вечер. Сакаат постојано да имаат секс, но со една личност, која е многу страсна.

Шкорпиите се сметани за страсни ѕверови во кревет, диви и бескомпромисни. Нема табуа, нема забрани за нив – сè за максимално задоволство. Тие се експерти за водење љубов и понекогаш знаат да ги преминат границите и да бидат многу агресивни.

Многу често уживаат во блага форма на садомазохистички секс. Тоа никогаш нема да го признаат, затоа што не го прават свесно и не можат да го контролираат.

Сакаат разнообразност и експериментирање и секогаш се грижат не само да ги задоволат своите сексуални потреби, туку и тие на партнерот. Многу е лесно да ги заведете шкорпиите и да ги однесете дома во вашиот кревет, но е многу потешко да изградите вистинска врска со нив.

Ерогени зони:
Половите органи.

Имате партнер шкорпија?

Нема потреба да вложувате многу за да го запалите. Само допрете ги неговите гениталии и тој ќе избувне како вулкан. Нема погрешен начин за да ја стимулирате оваа зона, но бидете нежни. Шкорпиите се луди по орален секс.

Тој сака постојано да има секс, па бидете со него единствено ако можете да го следите неговото темпо. Ако не можете, оставете го за да не бидете разочарани кога ќе заврши во туѓ кревет.

Немојте да го обвинувате ако за време на секс добиете и по некоја мала гребнатинка, тој не го прави тоа свесно.

Сака да експериментира и постојано да менува нешто во врска со сексот, па изненадете го со некоја нова поза или однесете го на некое место каде што никогаш не сте воделе љубов.

Најголемиот афродизијак за маж-шкорпија е да биде во исчекување. Постојано провоцирајте го и направете да сака што поскоро да бидете насамо.

Први зборови после секс:
„Сега веќе може да те одврзам.“

Омилена поза:
Секоја што им дава можност да доминираат.

« Назад

Хороскопот и сексот » Стрелец

Стрелец

Стрелците се вистински мајстори кога станува збор за освојување. Постојано бараат нови жртви за да ги погодат со своите љубовни стрели. Тие ги привлекуваат туѓите погледи со нивната харизма и сексапил. Нивните ораторски способности ги хипнотизираат мислите на „жртвите“. Обожаваат да зборуваат дури и во кревет, за нив тоа е комбинација од двете најголеми задоволства.

Полни се со сексуална енергија, сакаат да водат љубов секогаш и секаде, а нивна вечна желба е менувањето на пози и места, но и на сексуални партнери. Можеби не се многу издржливи во кревет, но за сметка на тоа секогаш се спремни да пробаат нова поза. Мајстори се кога се работи за еротска масажа, како со раце така и со јазик.

Доколку имаат сериозна врска, страста преминува во нешто повеќе – љубов. Со нивниот партнер постојано сакаат да имаат секс, но се обидуваат тоа да не им пречи во богатиот социјален живот.

Имаат големо либидо; пробувањето на нови работи често е во главата на стрелците и ако партнерот спомене „Sex on the beach“, тие се надеваат дека тоа не се однесува на коктелот.

Можат да им гарантираат повеќе оргазми на својот партнер и употребуваат различни техники за да ги донесат до врвната точка. Дел од нив се склони кон аналниот секс и се секогаш спремни да експериментираат „одназад“.

Мажите стрелци никогаш не ги игнорираат своите партнерки и секогаш се обидуваат да им го достават најголемото задоволство, допирајќи ги нивните вагинални ѕидови со своите прсти и бакнувајќи ги нивните гради. Тоа води до жестока реакција која е тешко да се заборави и скоро невозможно да се контролира.

Ерогени зони:
Бедрата и зоната околу половите органи.

Имате партнер стрелец?

Направете му масажа на бедрата или чешкајте ги нежно со ноктите. Не ја заборавајте зоната околу гениталиите. Нежно бакнувајте ги, допирајте ги и галете ги овие делови. Со тоа ќе му пружите на партнерот огромно задоволство.

Стрелците обожаваат масажи со масло или лосион за масирање, но бидете подготвени, затоа што масажата ќе заврши со најстрасниот секс кој некогаш сте го имале.

Сакаат да водат љубов постојано, па немојте да му го скратувате тоа задоволство, за да не побара утеха кај некоја друга.

Сака постојано да менува пози. Изненадете го со некоја нова и нестандардна или со секс на некое интересно место. Сака да прави сè со вас. Само кога имаат секс стрелците се опуштени и безгрижни, па тоа е добар начин за да има хармонија во вашата врска.

Ги сака авантурите и предизвиците, а тие во комбинација со промената на позите се идеални за него. Организирајте му мала игра, на пример додека ги менувате позите вашите тела да не се раздвојуваат.

Први зборови после секс:
„Не ми се јавувај, сам ќе ти се јавам.“

Омилена поза:
Сака постојано да менува пози, но негова омилена е кучешката.

« Назад

Хороскопот и сексот » Јарец

Јарец

Тие секогаш се натоваруваат со премногу работа и не им останува време за уживање. Во помлади години се воздржани во однос на сексот. Тогаш преферираат да учат и да се грижат за својата кариера. Колку и да се воздржуваат, сепак во нив се крие страстен љубовник/ца. Тоа не е толку очигледно како кај шкорпијата, затоа што е скриено зад маска од смиреност.

Кога ќе ја надминат 30-тата година, тие веќе се имаат реализирано професионално, посамоуверени се и започнуваат да експериментираат сексуално. Не се многу романтични, но се доволно паметни за да му покажат на партнерот дека се заинтересирани (преку испраќање бонбони, цвеќиња и др.). Нивната воздржаност најчесто исчезнува по 40-тата година.

Сакаат да имаат до себе партнер кој што знае што сакаат тие и да биде на располагање секогаш кога им е потребен. Поседуваат неверојатна издржливост и можат да чекаат и цела вечер додека нивниот партнер не ја достигне највисоката точка. Љубовта и сексот кај нив одат рака под рака. Ако се заљубени, не им требаат дополнителни стимули за да се возбудат.

Јарците надворешно не покажуваат дека се емоционални, но внатре во себе копнеат за љубов. Потребно е да помине долго време додека да започнат да ѝ веруваат на друга личност. Кога ќе се заљубат и откако ќе стекнат доверба во некого, тие се верни и може да се каже дека се најлојалниот знак во целиот хороскоп.

Под нивната мистериозна маска се крие една сензуална личност; сè што треба да направите е да ја откриете. Трпението и довербата се најважни во една врска во која учествува јарецот. Тие сакаат партнер кој ќе може да ја разбере нивната комплексна природа.

Ерогени зони:
Местото зад коленото.

Имате партнер јарец?

Допирајќи ги неговите ерогени зони, ќе му ја разбудите страста. Нежно галење на задниот дел од колената ќе го запали и тој ќе започне со предиграта.

Обожава масажа, но претпочита да му ја прават со градите и брадавиците, а не со раце. Соблечете се и нежно допирајте го неговиот грб и гради со вашите брадавици. Атмосферата ќе се вжешти и вие ќе минете една незаборавна ноќ.

Ужива и во масажа на главата и грбот, особено ако ги користите рацете и јазикот.

Ако сакате да останете со него засекогаш, бидете трпеливи. Треба да помине време за тој целосно да се отвори пред вас и да ви ја покаже и другата негова страна – страсната.

Ќе направи сè за да ги постигне своите цели – тоа му е во гените. Подгответе му некаков интересен сексуален предизвик и ќе бидете изненадена со колкаво големо задоволство ја исполнува својата цел.

Први зборови после секс:
„Имаш ли визит карта?“

Омилена поза:
Двајцата да сте свртени еден кон друг.

« Назад

Хороскопот и сексот » Водолија

Водолија

Независните водолии имаат огромен број тајни, некои необични, a некои дури и уникатни. Сите мислат дека е многу лесно се задоволи водолија, но само оние кои биле со нив знаат дека тоа не е така. Всушност, водолиите се многу непредвидливи.

Нивното однесување за време на секс зависи во најголема мера од нивното расположение. Тие понекогаш се многу големи ентузијасти и новатори, а понекогаш се премногу мрзливи, па не можете да бидете сигурни што да очекувате следниот пат. Ако сте флексибилна личност, никогаш нема да зажалите ако сте со водолија. Со нив никогаш нема да ви биде досадно.

Вашиот живот ќе се претвори во една голема авантура, затоа што за водолиите не постојат стандарди и граници. Секогаш се спремни да пробаат нешто ново, необично и егзотично. Не ги интересира мислењето на другите.

Внимателно со нив. Тие премногу ги сакаат своите пријатели и својата слобода. Најмногу мразат некој, па макар тоа да е нивниот партнер, да им ја ограничува слободата.

Мажите водолии сакаат независни жени кои ја ценат својата слобода и само со таква жена би можеле да имаат сериозна врска. Тие се од оние ретки мажи кои повеќе ги ценат вашите мисли, отколку вашето тело. Ако маж водолија може да ви верува доволно за да ги сподели сите негови мисли со вас, тогаш тој ќе биде несомнено најдобриот љубовник кој сте го имале. Нему му е поважна интелектуалната, отколку сексуалната стимулација.

Сексот со водолија е забавен, исполнет со смеа и глупирање – тоа е како забавна игра помеѓу двајца партнери.

Ерогени зони:
Листовите и глуждовите.

Имате партнер водолија?

Секоја поза која ви овозможува да ги допирате неговите ерогени зони, ќе му достави неверојатно задоволство. Не треба многу напор за да го полудите вашиот партнер. Треба само да ги галите или чешкате неговите листови и ќе бидете изненадени од неговата реакција. Ќе заборави на сè и ќе биде само ваш.

Масажа или гребење на нозете и глуждовите е другото нешто кое максимално ја вжештува атмосферата.

Се пали на нови работи, па измислете нешто што не сте го правеле досега, на пример нова поза и тој ќе биде пресреќен и ќе ви пружи неверојатен секс.

Со него никогаш нема да ви биде досадно. Постојано е во потрага по авантури, па немојте да се изненадите ако посака да имате секс во дворот.

Паѓа на нестандардни работи, па не срамете се да му ги кажете дури и најлудите свои фантазии. Луд е по технологиите, па можете да го поканете на средба преку SMS, e-mail или Skype. За да го излудите, покажете му колку многу се интересирате од интелектуални нешта.

Први зборови после секс:
„Сега дај да пробаме без алишта!“

Омилена поза:
Оние пози кои овозможуваат взаемна мастурбација.

« Назад

Хороскопот и сексот » Риби

Риби

Рибите се управувани од Нептун – планетата на скриените и невидливите работи, на фантазиите и мистериите. Никогаш нема да сретнете почувствителни личности од рибите. Знаат да уживаат во сите сензационални работи што им ги пружа сексот.

Понекогаш многу лесно им се предаваат на своите партнери и длабоко во себе стануваат премногу зависни од нив. За нив сексот и љубовта одат заедно и поради тоа се чувствуваат сигурни. Повеќе се грижат за другите отколку за себе, па најзадоволни се кога нивниот партнер доживува оргазам и се трудат на секој можен начин да му го овозможат тоа. Со нивниот живот, а особено со сексот, управуваат емоциите.

Односите меѓу партнерот и рибите често се односи господар-роб. Особено задоволство за рибите претставува исполнувањето на наредбите за време на сексот. Поради тоа, постојано бараат партнер кој што ќе доминира и ќе издава наредби.

Рибите се сензуални и креативни љубовници кои го сакаат енергичниот секс и задоволувањето на еротските фантазии. Кога се работи за секс, тие воопшто не се срамежливи, издржливи се и сакаат разнообразен секс. Ако партнерот реализира некоја од неговите сексуални фантазии, ќе добива награди цела вечер.

Романтични се, нежни и чувствителни, но само додека партнерот чува во себе си некаква таинственост. Сексот со риби е емоционално и физичко искуство, но ако им дозволите може да биде и духовно.

Ерогени зони:
Стапалата.

Имате партнер риби?

Веќе претпоставувате дека масажа и бакнежи на стапалата ќе го запалат многу. Но, она што не можете да го претпоставите е дека неговата најголема желба е шмукањето на прстите од нозете.

Не само што го сакаат, но и го обожаваат сексот во вода, па можете да го изненадите со када полна со вода, со купка и миризливи свеќи. Откако ќе легнете двајцата во кадата, можете или да му направите масажа на стапалата или да го „гушнете“ со нозете.

Ако сакате да минете една луда вечер со незаборавен секс, не се плашете да издавате наредби – тој со радост ќе ги исполни. Не заборавајте дека вие доминирате во врската, а него му се допаѓа тоа.

Тој сака да заведува, па можете да глумите дека сте во некој стар бордел, а тој треба да ве заведе. Рибите ги сакаат еротските игри и целосно ја губат контролата врз себе во тие моменти.

Први зборови после секс:
„Што сакаш да правиме наредно?“

Омилена поза:
Вие да лежите на страна, а тој да пенетрира одназад. Тоа ќе ви овозможи да уживате во една нежна љубовна игра.

« Назад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.