Почетна » Рецепти » Ваши рецепти » Овошен десерт: Торта Шарлота

Овошен десерт: Торта Шарлота

Пригответе освежително слатко изненадување од кое сите ќе посакаат уште едно парче.

Овошни мафини

Состојки

400 грпишкоти

За филот

400 млладно млеко
4жолчки
5 лажицишеќер
1 кесичкапудинг од ванила
100 грбело чоколадо
500 млслатка павлака
1 кесичкажелатин или шлаг фикс
2 кесичкиванилин шеќер

За овошниот дел

половина килограмблендирано овошје по желба, јас искористив јагоди
60 грпутер
2 лажицигустин

Подготовка

  1. Жолчките и пудингот со ванилиниот шеќер се соединуваат во 100 мл ладно млеко.
  2. Остатокот од млекото се вари со шеќерот. При крајот на варењето се трга од оган и се меша 1-2 минути со претходно приготвената смеса.
  3. Во измешаната топла смеса се додава белото чоколадо. Се покрива со фолија за да не фати кора и се остава да се лади.
  4. Слатката павлака се мати со миксер, а во неа се додава желатин или шлаг фикс.
  5. Откако ќе се олади приготвениот фил се меша со изматената слатка павлака.
  6. За овошниот дел, во изблендираните јагоди додајте пенесто изматен путер и густинот. (Друга алтернатива е јагодите да провријат во вода со шеќер. Потоа се процедуваат и се блендираат, а во водата се додава прво густинот, па на крај и путерот.)
  7. Странично пишкотите се редат така што ќе им се исече врвот во зависност од висината на тавчето.
  8. Долниот дел се реди со пишкоти. Се полеваат пишкотите со малку млеко, колку да омекнат.
  9. Над слојот со пишкоти прво се става бел фил, потоа овошен, и на крај повторно бел.
  10. За украсување ставив јагоди, малини и капини, плус прелеав со бело чоколадо за да биде подекоративно.

Рецептот е на форумџиката @Mama25, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Овошен десерт“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.