Почетна » Новости » Промо » Што содржи млекото и со што нè снабдува?

Што содржи млекото и со што нè снабдува?

Млекото најчесто го поврзуваме со снабдувањето на организмот со калциум, што е исклучително важна функција и задоволува суштинска потреба за здрав организам. Млекото како пијалак содржи уште многу состојки кои се потребни за организмот, посебно кај децата за правилен раст и развој, а и за повозрасните заради одржување на добрата здравствена состојба.

Млеко

Млекото се уште важи за богат извор на калциум, а во својот состав создава најсоодветен сооднос со фосфорот со што се постигнува висок процент за искористеност на калциумот, а организмот целосно и лесно го искористува. Ваквото внесување на калциумот, подобро и поефективно дури и од храна богата со овој минерал, е од суштинско значење за осификација на коските и формирање на забите, заедно со витаминот Д. Затоа за млекото и млечните производи се вели дека се неопходни за правилниот раст и развој на децата, за спречување на спонтани фрактури на коските кај постарите лица и за брзо и правилно заздравување на коските по фрактури.

Исто така, есенцијален дел од составот на млекото се протеините, минералите, витамините, и тоа во форма што телото ги користи на ефективен и брз начин. Хранливата но и заштитната функција произлегува од протеините кои се со целосна биолошка вредност и нивната искористеност во човечкото тело, што е скоро целосна, од 95 до 98 проценти. Млечните протеини ги содржат сите потребни аминокиселини кои телото не може само да ги создаде, туку се внесуваат заедно со храната, а кои се потребни за раст, развој и регенерација на ткивата. Една чаша или 200 мл млеко обезбедува 16 проценти од дневната доза протеини кои го градат и обновуваат мускулното ткиво.

Млекото лесно се вари и неговaтa маснотијата (путерот) е најлесно сварлива од сите други масти, покрај тоа што содржи витамини растворливи во масти (А и Д). Освен што во својот основен состав ги содржи и витамините А, Д и Б комплекс, чија улога во телото е повеќекратна, има млека, како што е Битолското млеко со 10 витамини чиј состав е дополнително збогатен со витамини. Така, со консумирање на ова млеко, покрај основните нутритивни состојки, се внесуваат уште и 10 неопходни витамини како Д3, А, Е, Б12, Б9, Б1, Б5, Б6, Б7 и Б3.

Улогата на витаминот Д3 покрај што е важна за правилна и максимална апсорпција на калциумoт, уште влијае и врз подобрување на имунитетот, намалување на ризикот од извесни болести како дијабетес, мултиплекс склероза. Само млекото обезбедува скоро 43 проценти од витаминот Д што го внесуваме преку исхраната, што го прави главен извор на истиот. Витаминот Б12 влијае врз одржување на здрави црвени крвни клетки, за здрав имунолошкиот систем помага Б6, витаминот А влијае за одржување на нормалниот вид и здрава кожа, а со витаминот Б2 храната се претвора во енергија. Улогата на витаминот Б5 е регенерација на телото и надминување на заморот а Б3 дава сила и енергија.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.