Почетна » Новости » Промо » „Штеди и кога плаќаш“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

„Штеди и кога плаќаш“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – „Штеди и кога плаќаш“. Новата услуга им овозможува на клиентите да штедат и кога плаќаат, на начин што со секоја платежна трансакција онлајн или на ПОС со дебитна картичка се врши заокружување на трансакциите до најблиската 100-тка и заокружениот износ се префрла на посебен наменски депозит.

Шпаркасе Банка

„Штеди и кога плаќаш“ е услуга што е едноставна за користење и може да се активира на секој тип дебитна картичка, по доставено барање од клиентот во која било од експозитурите на Банката. Функционалноста на услугата се состои во тоа што со секоја трансакција направена со дебитна картичка на ПОС-терминал или онлајн во земјата, се врши заокружување на потрошениот износ до најблиската 100-тка на износот, потоа се трансферира на посебна штедна сметка по видување каде што клиентот добива камата. Еве како изгледа тоа преку еден реален пример: клиентот плаќа 1.450 денари, а 50 денари автоматски се префрлаат на штедната сметка или, пак, клиентот плаќа 540 денари, а 60 денари автоматски му се префрлаат на штедната сметка. На овој начин на клиентот му се овозможува незабележливо штедење на помали износи на депозит по видување, при што средствата од депозитот се достапни на клиентот во кое било време, преку мобилната апликација или експозитура.

За повеќе информации за новата услуга, прочитајте на следниот линк: https://bit.ly/3Hk1Hnk

Или, пак, јавете се на 02/15050 достапен во секое време.

Шпаркасе Банка АД Скопје посветува особено внимание на корисните навики како што е штедењето и за таа цел во континуитет работи на развивање нови услуги што одговараат на финансиските потреби на клиентите.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.