Почетна » Новости » Промо » Шпаркасе Банка со можност за индивидуални донации за СОС Детско село преку мобилно банкарство

Шпаркасе Банка со можност за индивидуални донации за СОС Детско село преку мобилно банкарство

Во рамките на долгогодишната соработка помеѓу Шпаркасе Банка и СОС Детско село, а со цел подобрување на квалитетот на животот на децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село, Банката отсега им нуди на сите заинтересирани клиенти – корисници на мобилното банкарство на Шпаркасе Банка, можност за индивидуални донации.

Шпаркасе Банка и СОС Детско село

Имено, покрај низата досегашни заеднички активности и редовната парична донација од страна на Банката и од вработените на годишно ниво, Шпаркасе Банка отсега им овозможува на своите клиенти да донираат парични средства, така што ќе уплаќаат донации без провизија, користејќи предефиниран терк, поставен во Режиски трошоци на мобилната апликација S-Banka.

Овој чекор е проширување на идејата за индивидуално филантропство што Шпаркасе Банка ја поттикна и ја негува, давајќи личен пример со индивидуални донации од своите вработени кон СОС Детско село, веќе 10-та година по ред.

Негувајќи корпоративна и индивидуална филантропија, банката активно придонесува за подигнување на свеста за важноста на водење грижа за социјално ранливи категории, градејќи силни врски на доверба и поддршка со оние на кои им е најпотребно.

Шпаркасе Банка ја изразува својата верба во заедницата и ги поттикнува сите свои клиенти да бидат дел од градење заедничка култура на солидарност и поврзување.

Со донирање за СОС Детско село преку мобилно банкарство, донирате за повеќе детски насмевки, топол дом и љубов за секое дете.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11450 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.