Почетна » Новости » Промо » Утрински ритуали за успешен ден

Утрински ритуали за успешен ден

Веројатно барем неколкупати во вашиот живот сте помислиле дека треба да внесете некои промени во вашиот секојдневен ритам. Ако често чувствувате дека немате доволно време за да се посветите на себеси и на драгите луѓе околу вас, или пак станувате уморни и недоволно мотивирани секое утро, сега е вистинскиот момент да стекнете некои нови навики. И она што е најважно да се напомене - немојте секојпат да ги почнувате „од понеделник“ бидејќи ако бидеме искрени, сите знаеме што ќе се случи тој понеделник… Затоа одлучете да почнете од сега, уште ова утро. Познато е дека она што ќе го направите на почетокот на денот во многу случаи влијае на неговиот понатамошен тек. За почеток, задржете се до малите и достижни цели кои се лесни за исполнување, а потоа тие ќе ве мотивираат да ги исполните сите наредни.

Станувањето рано придонесува за поголема продуктивност и подобра подготовка за сите останати утрински ритуали. Пред сѐ, на тој начин добивате повеќе време за вежбање, размислување, медитација или за подготовка за омиленото утринско кафе. Многу успешни луѓе сметаат дека се попродуктивни во раните утрински часови, па затоа пробајте и вие барем една недела да станувате (за почеток) макар половина час пред вообичаеното време. Раното заспивање и раното будење помагаат телото и умот да се регенерираат на вистинскиот начин.

Кафе

Сигурни сме дека многумина од вас не можат ни да го замислат раното станување без мирисот и вкусот на омиленото кафе. Не се сомневаме дека ќе се препознаете во тоа дека дури и самото размислување на подготвувањето кафе ве асоцира на моментот на опуштање кое ве чека веднаш штом станете од креветот. Затоа не заборавајте секогаш да одвоите доволно време за непречено уживање во вашиот омилен пијалак, кој ќе ве разбуди и ќе ве наполни со потребната енергија. Без разлика дали сакате да го зачувате тој момент само за себе или да го споделите со некој од вашите најмили, пиењето на првото утринско кафе пријатно ќе влијае на вашето расположение, продуктивноста и спремноста да се фатите во костец со обврските кои ве очекуваат.

Поради бројните придобивки кои ги носи физичката активност, многу е пожелно да почнете (ако веќе не сте) да размислувате за практикување на утрински тренинг. За почеток, доволно е да одредите три дена во неделата кога ќе се разбудите порано и ќе вежбате барем 20-на минути. Редовната физичка активност го зголемува нивото на хормонот за среќа - допаминот и на серотонин во мозокот, кои нам ни го пружаат чувството на задоволство, но влијаат и на нашето расположение, ја зголемуваат енергијата и нивото на концентрација.

Кога сме кај задачите и обврските, нивното запишување на хартија претставува многу практичен и корисен утрински ритуал. Започнете го вашиот ден со одредување и запишување на трите најважни задачи кои треба да ги завршите дента. На овој начин тие постојано ќе ви бидат „пред очи“ и појасно ќе се фокусирате на понатамошното завршување и следење на истите. Кога ќе завршите со некоја од нив, не заборавајте да ја штиклирате или да ја пречкртате, како би си дале мало признание за успешно завршената работа. Овој ритуал ќе придонесе за појасно дефинирање и следење на вашите цели, а подоцна и до нивно исполнување.

Кафе

Не заборавајте дека секој од овие ритуали го воведувате во вашето утро со темпото кое вам ви одговора. Прво подгответе си го омиленото утринско кафе, а потоа препуштете се на уживањето со секоја наредна голтка. Кога ќе ги разбудите сите ваши сетила со добро познатиот мирис и вкус, ќе ви биде лесно да се фокусирате на следните предизвици и активности кои ве очекуваат.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11079 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.