Почетна » Новости » Промо » Трикови со кои перењето и сушењето алишта нема да биде здодевна обврска

Трикови со кои перењето и сушењето алишта нема да биде здодевна обврска

Без разлика дали имате мали деца или постари, се чини дека купот облека кој се собира секоја недела никогаш не завршува. Иако никогаш нема да можеме да го избегнеме перењето сепак со неколку совети и трикови и вистинската машина за перење и сушење работата ќе ја извршувате без мака.

Samsung

1. Поделете ги деновите за перење

Наместо да чекате викенд за да ги исперете сите алишта, размислете за планирање на полнење на машината секој втор ден во текот на неделата. За викенд работите ќе бидат полесни. Не само што ќе избегнете да се преоптоварувате, туку ќе имате време и да уживате во викендот! Нема ништо подосадно од перење и сушење алишта во недела кога би можеле да бидете надвор и да уживате во попладневните часови. Плус, не мора да се грижите за заштеда на енергија. Како број еден енергетски ефикасна машина на пазарот, паметните машини за перење на Samsung со AI се опремени со технологијата AI Ecobubble™ на Samsung. Користењето ладна вода наместо топла вода без додавање дополнително време на циклус им помага на корисниците да заштедат до 70 проценти од потрошувачката на енергија со моделот на работа со AI Energy Mode на SmartThings Energy. Исто така, обезбедува високи стандарди за чистота и хигиена на облеката со тоа што му дозволува на детергентот брзо да навлезе во ткаенините и да ја отстрани нечистотијата - дури и во ладна вода.

2. Означете посебни корпи за сортирање

Кога станува збор за сортирање алишта, избегнувајте да си го губите времето трчајќи низ дома барајќи валкана облека, особено доколку имате тинејџери дома на кои омилено место за складирање на валканата облека е буквално насекаде. Означете посебни корпи за бели, црни и шарени ткаенини, и воведете правило „кој нема да уредно да си ја складира валканата облека на означеното место истата нема да биде испрана“. И покажете дека не се шегувате. Верувајте работата ќе ви се олесни за 50 проценти!

3. Паметно користете ја машината за сушење и заштедете време

Заедно со перењето на дневен ред е и сушењето на алишта. Иако мислењата за користење на машина за сушење се поделени, со новата технологија за сушење алишта, паметни машини за сушење на Samsung со AI нуди и низа опции кои без двоумење се вистински избор за олеснување на секојдневието. Технологијата на топлинска пумпа во сушарите Bespoke AI™ обезбедува енергетски поефикасен, поекономичен и нежен начин за сушење алишта. Со енергетска оцена А+++, машината за сушење на алишта Bespoke AI™ користи еколошка технологија на дигитален инвертер компресор за да ги суши алиштата што е можно побрзо и поефикасно. Технологијата AI Dry, континуирано ги следи температурата и влажноста додека ги прилагодува поставките за да обезбеди оптимално сушење на алиштата и заштеда на енергија. Со користење на рециклиран топол воздух, машината за сушење може да ги намали и вкупните оперативни трошоци и јаглеродот. Плус се грижи за ткаенината на вашата облека, па не мора да се грижите дека омиленото парче облека изгубило од својот квалитет.

Samsung

4. Направете ги мрежестите торби за перење вашиот најдобар пријател

Колку пати сте ги одминале оние мали мрежести торбички за перење на долна облека и ситници? Нивната функционалност е несомнено потценета! Без разлика дали перете влошки за чевли, долна облека или чорапи што треба да се склопат заедно, нема да губите дополнително време за спарување на истите. Плус, ќе го разбиете митот на „машината ги изеде чорапите!“

5. Домашните активности треба да бидат одговорни и одржливи

Новата линија на паметни машини за перење и сушење со АI се опремени со револуционерни еколошки свесни технологии за да се намали ослободувањето на микропластика од облеката. Паметната машина за перење на Samsung со AI доаѓа со програма за перење која ги намалува емисиите на микропластика од облеката за 54% со користење на технологија за филтрирање и заробување на овие штетни пластични честички. Загадувањето со микропластика во нашите океани и води е едно од најгорливите прашања во светот, а Samsung е горд што има улога во решавањето на овој проблем. Дополнително, паметни машини за перење на Samsung со AI доаѓа со сензори за перење кои ја мерат тежината на алиштата и нивото на валканост за да обезбедат оптимална количина на вода, детергент и енергија кои би се користеле, со што се намалува отпадот.

6. Вклучете го целото семејство во процесот

Кога навистина ви е преку глава од перење, направете го истото семеен настан! Направете мини натпревар за сортирање алишта и нека секој член на семејството ја здипли сопствената облека по завршување на циклусот на сушење. Ова ќе ви го олесни товарот (особено кога станува збор за големо семејство!), а исто така е одлична можност да ги научите децата како сами да перат алишта.

7. Зачинете ја просторијата за перење и сушење

Обичните бели ѕидови и плочки се ужасно здодевни! Не е ни чудо што просторијата за перење и сушење ви е најнеомиленото место во домот. Водејќи се по идејата дека мотивацијата произлегува и од атмосферата во која се наоѓате, создадете светла и уникатна атмосфера во вашата перална! Обновувањето на просторот за перење алишта со само неколку едноставни мали додатоци може да го подобри вашето расположение и да донесе малку живот во здодевните задолженија. На пример, миризливи стапчиња, дрвени полици за детергенти и средства за перење, бохо корпи за складирање облека, пуфкасто тепихче...Дозволете имагинацијата да ве води! Плус, технологијата SpaceMax™ на Samsung машината за перење ѝ овозможува да користи поголем барабан без зголемување на нејзините надворешни димензии, давајќи им на потрошувачите голем капацитет од 11 килограми. Уникатниот дизајн на машината за перење и различните опции за боја гарантираат дека машината може лесно да се вклопи во секоја просторија за перење и да го прилагоди просторот за перење за да одговара на вашиот дизајн на ентериер.

Повеќе информации за производите може да најдете на следниот линк:

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/washer-dryer-combo/front-load-8kg-plus-5kg-white-wd80t554dbw-s7/

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11462 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.