Почетна » Новости » Промо » Технологијата во служба на убавината - без болка до совршено мазна кожа

Технологијата во служба на убавината - без болка до совршено мазна кожа

Витко, затегнато тело без масни наслаги и целулит е она кон што се стремат сите кои сакаат да имаат совршена линија. Но, оние што се обиделе да ја остварат оваа цел се соочиле со фактот дека тоа е долготраен процес, при што само физичката активност и здравата исхрана не се доволни за да се доведе фигурата до совршенство.

Тие што сакаат брзи резултати, решението го бараат во хируршките интервенции. Но, тоа е болен процес при кој се користат анестезии и бара подолго време за опоравување, честопати остава модринки и лузни и создава чувство на нелагодност. Притоа, една хируршка интервенција делува на само една регија на телото, но не истовремено и на целото тело, така совршениот резултат повторно изостанува.

Приве

За среќа, современата технологија изнајде начин да им овозможува на луѓето да го добијат телото од соништата веднаш. Благодарение на технолошките достигнувања и наука, обликувањето на целото тело, затегнувањето на кожата и отстранувањето на масните наслаги и целулитот сега може да се постигне за многу краток период, без болка, непријатност и несакани ефекти. Станува збор за револуционерните апарати Endosfera и Zerona Laser кои за краток период станаа омилениот третман за убавина на светски познатите ѕвезди.

Приве

Третманот со Endosfera е единствениот што го обликува целото тело и делува на сите регии каде најмногу се таложат масни наслаги, како што се рацете, грбот, половината, стомакот, бутините и задникот, постигнувајќи неверојатни ефекти за многу кратко време. Zerona Laser e 100% неинвазивен третман за слабеење и целосно отстранување на масните наслаги и целулитот без никаква непријатност и нус-појави, со кој луѓето намалуваат и до два конфенциски броја за две недели. Досегашните светски студии покажаа дека само по 6 третмани со Zerona Laser, кои се изведуваат во период од две недели, се намалуваат околу 6 килограми, односно околу 50.000 калории. За споредба, на просечна жена која е висока 168 см и тешка 70 килограми и требаат 27 денови за да изгуби толку калории, но притоа да не внесува ништо друго во организмот освен вода и да продолжи со нормалните секојдневни активности.

Досегашното искуство во светот покажа дека оптимални резултати се постигнуваат со комбинирано користење на Endosfera и Zerona Laser, со што за само еден месец ќе го намалите обемот на телото и ќе добиете цврста, затегната и мазна кожа без никаква болна интервенција и непријатност.

Приве Приве

По огромниот интерес во светот, двата револуционерни апарати Endosfera и Zerona Laser се достапни и во Македонија, ексклузивно само во Центарот за нега и убавина „Приве“ во Скопје кој ги нуди и со промотивни попусти. Сите потребни информации за третманите со овие апарати може да ги добиете во Центарот за нега и убавина „Приве“ на телефонскиот број 071 366 556.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11224 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.