Почетна » Новости » Промо » Сладоледно лето со CERMAT: пред нас се волшебни вкусови, безброј искуства и нови возбуди!

Сладоледно лето со CERMAT: пред нас се волшебни вкусови, безброј искуства и нови возбуди!

Ѝ велиме „добре дојде“ на возбудливата и вкусна приказна на Cermat – пронајдете го раскошниот вкус на Мetropoli насекаде околу вас.

Еве еден предизвик за сите љубители на полниот и богат вкус на сладолед: замислете лето, замислете друштво и освежување што пристигнуваат во вистинско време, на вистински начин – во форма на незаборавните сладоледи Мetropoli, кои со својот вкус ве водат на патување низ целиот свет!

Кога толку потребното освежување пристигнува од Cermat, никој не останува рамнодушен.

Време е за сладолед со највкусните состојки, со кој ќе уживаме во секој момент од долгиот и топол ден: за освежително добро утро, по вкусен ручек, пред и по магичното златно зајдисонце.

Cermat

По долгата и динамична година, дојде времето да се почестиме со добро заслужениот летен десерт: премиум селекцијата на сладоледи од Cermat, македонскиот производител во чиј вкус се ужива со нескриено задоволство.

Нашиот фаворит за ова ново лето 2021 се повторно сладоледите од линијата Мetropoli, кои ги освоија сите сладокусци, па дури и оние со најистанчен вкус за летни десерти.

Неколку причини зошто Metropoli е нашиот избор број 1 за ова лето:

Изборот на вкусови од линијата Metropoli е огромен!

Може да избирате помеѓу десетици комбинации изработени од најквалитетни состојки: чоколадо, бурбон ванила, шумско овошје, бело чоколадо, крцкави бадеми и лешници... секој еден е навистина вреден. Без исклучок.

Секој вкус од линијата Metropoli со себе носи приказна од различна светска метропола:

Сонувате за Медитеранот и за неговата магија? Нашата вкусна препорака е Metropoli Monaco, крем-сладолед со луксузен вкус на ванила, чоколадо, крцкави бадеми и лешници.

Сонувате да отпатувате во Париз? Тогаш токму за вас е галантната комбинација од бело чоколадо, ванила и бадем!

Cermat

Само изберете место за патување со мислите, и Cermat ве води токму таму – Монако, Сан Франциско... светот е пред вас! Звучи добро, нели!?

Постои едно слатко суеверие дека желбата што ќе ја замислиме пробувајќи го првиот сладолед во годината, ќе се оствари со стопроцентна сигурност. Со вашиот прв Metropoli за ова лето, замислете ја желбата што ќе ја направи оваа година навистина поубава и навистина освежителна.

Затоа, ве охрабруваме да не чекате ни момент повеќе. Пронајдете го вашиот омилен вкус од линијата Metropoli на Cermat и впуштете се во највкусната приказна за ова лето.

На здравје!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.