Почетна » Новости » Промо » Систина Офталмологија во партнерство со дијабетичарите во борбата за видот

Систина Офталмологија во партнерство со дијабетичарите во борбата за видот

„Во нашиот фокус се и остануваат пациентите . Преку едукативни активности и превентивни методи, сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес“ - изјави Златко Арнаудовски.

Систина Офталмологија, во партнерство со Сојузот на Здруженија на дијабетичари, ќе развие програма за едукација и превенција на очни болести кај пациентите, кои имаат дијабетес . Првата очна болница во Македонија, за потребите на проектот, на располагање ја става комплетната медицинска експертиза, со цел да се подобри лекувањето и да се зголемат позитивните искуства, на пациентите со дијабетес.

Систина Офталмологија

„Нашата болница, преку трајни партнерства, создава вредности за сите во општеството. Такво партнерство, сега развивме со Сојузот на Здруженија на дијабетичари , со кои што потпишавме меморандум за соработка. Во нашиот фокус се и остануваат пациентите. Преку едукативни активности и превентивни методи, сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес. Во спротивно, може да дојде до сериозни медицински компликации , предизвикани од болеста“, изјави медицинскиот директор на Систина Офталмологија, д-р Златко Арнаудовски.

Систина Офталмологија

„Систина Офталмологија“ е единствена очна болница со 4 дијагностички центри во Скопје, Битола, Гостивар, Тетово и Штип. Дијагностички и хируршки, повеќе од 12 години , им излегува во пресрет на сите пациенти, на кои што им е потребна офталмолошка грижа.

Заедно со хрватскиот партнер „Свејтлост“ имаат повеќе од педесет врвни офталмолози, 140 илјади успешни интервенции и 400 илјади задоволни пациенти.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11456 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.