Почетна » Новости » Промо » Се отвора првата dm дрогерија во Гостивар!

Се отвора првата dm дрогерија во Гостивар!

Драги читатели, со задоволство би сакале да Ве информираме дека континуираната експанзија на dm во С.Македонија продолжува!

Во четврток, 10 јуни, во 9 часот наутро ќе се отворат вратите на првата dm дрогеријата во City Center Гостивар, на бул. Гоце Делчев бр. 42.

На денот на отворањето купувачите ќе можат да уживаат во пазарувањето со:

15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ, па и на веќе намалените производи

до 40% попуст на одбрани шминки од брендот AURA (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ)

до 25% попуст на одредени производи за сончање (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ)

★ како и повеќе од 4.000 dm марка производи со германски квалитет по супер цени

dm

Покрај големите попусти кои ќе траат 4 дена (10.6 – 13.6.2021), на денот на отворањето, сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера.

Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот прометот на денот на отворањето ќе биде дониран за реновирање на ЈЗУ Здравствен дом Гостивар.

Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 444,69 m2, од кои 373,26 m2 продажен простор, а 49,22 m2 магацински простор, како и 22,21 m2 помошен простор.

Работното време на оваа дрогерија ќе биде:

понеделник до сабота од 9 до 21 часот, а недела од 10 до 15 часот.

Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 19 продажни објекти, од кои 12 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица и Гостивар!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.