Почетна » Новости » Промо » Се враќаме во кино – се гледаме во Cineplexx

Се враќаме во кино – се гледаме во Cineplexx

Љубителите на филмот со нетрпение ги очекуваат проекциите на големото платно во Cineplexx. Магијата на 7-та уметност е во гледањето филм во кино, на вистинското место каде автентичноста на просторот, приказнaта, звукот и атмосферата го доближуваат оригиналното чувство на блискост помеѓу гледачите и нивните омилени наслови.

Киното одсекогаш било и секогаш ќе биде матично катче на филмаџиите, нивните премиери, аплаузи и зборно место за средба со вистинската публика. За публиката, времето за кино и во кино е личен избор, нешто што бескрајно го сака и секогаш го поврзува со емоцијата за уметност.

Киното Cineplexx е омилениот простор за филм и дружба на најмладите, нивните родители, тинејџерите, возрасните, нивното семејно катче, место каде пријателите се заедно,....простор каде секој го наоѓа своето место за креативно и корисно време за уживање.

Cineplexx

Со целосно почитување и примена на препораките од надлежните институции, Cineplexx во Србија, Хрватска, Словенија, Грција и Австрија ги отвори вратите и го исполни ветувањето кон публиката - да се врати во кино салите.

Наскоро и нашата публика, согласно препораките за заштита од Ковид 19 и имплементација на мерките пропишани од институциите, во Cineplexx ќе му се врати на филмот во кино.

Професионалниот пристап , долгогодишното искуство и одговорноста се синоним за работењето на Cineplexx, кој како глобален бренд стекна интернационална слава и почит од страна на филмската публика, секаде и кај нас.

Довербата се гради со взаемна почит и квалитет, нешто на што сме благодарни и се гордееме.

Се враќаме во кино – се гледаме во Cineplexx.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11033 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.