Почетна » Новости » Промо » Ракометната ѕвезда Игор Карачиќ ви ги препорачува новите Čokolino FIT и Čokolino Plus White

Ракометната ѕвезда Игор Карачиќ ви ги препорачува новите Čokolino FIT и Čokolino Plus White

Познатиот бренд за дехидрирана храна LINO на компанијата Подравка, a како дел од кампањата за промоција на новите производи Čokolino FIT и Čokolino Plus White за првпат соработува со мегапопуларната ракометна ѕвезда Игор Карачиќ.

Игор Карачиќ

Чест ми е што се придружувам на семејството Подравка. Особено што ми дадовте можност да ја пренесам пораката за брендот Лино со чии производи пораснав. Новите производи Čokolino FIT и Čokolino Plus White се специјално дизајнирани како здрав и брз оброк за сите што спортуваат. Им ја даваат потребната енергија во постигнувањето на врвни резултати. Покрај талентот, упорноста, дисциплината и посветеноста, исхраната е таа која го гарантира успехот и подигнувањето на формата на едно повисоко ниво. Заедно со Čokolino , кое како дете го обожавав, а е присутно на пазарите во Адрија регионот повеќе од пет децении, сега, имаме нови производи. Убеден сум дека заеднички ќе ја пренесеме пораката и ќе направиме значајна промена во навиките за исхрана кај младите“, рече Карачиќ.

Игор Карачиќ

Хрватскиот репрезентативец и MVP во Лигата на шампиони, кој е еден од најзаслужните за освојувањето на втората европска титула на РК Вардар, им приреди интересно изненадување на на дел од своите довчерашни соиграчи од шампионскиот тим, како и на капитенот на најуспешниот женски ракометен шампион, Кометал. Карачиќ организираше тајно „giveaway“ со спортски торби полни со Čokolino FIT и Čokolino Plus White кои се идеален оброк токму за сите оние кои се физички активни и сакаат да бидат фит. Дел од бившите соиграчи на Карачиќ споделија фотографии на социјалните мрежи со коментари дека тој навистина пријатно ги изненадил.

***

Čokolino FIT го има задржано препознатливиот Чоколино вкус, но со намален удел на шеќер за 30%. Покрај ова, Čokolino FIT е одличен извор на витамини и диететски влакна, обогатен со магнезиум кој одлично делува за опуштање на мускулите по напорен тренинг.

Čokolino Plus White е посебен член на семејството Чоколино. Збогатен е со овесни снегулки, корнфлекс и крцкав експандиран ориз со бело чоколадо и витамини. Čokolino Plus White ви ја дава енергијата која ви е потребна за да се соочите со дневните предизвици.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10267 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.