Почетна » Новости » Промо » Препораки од имунолог: Зајакнете го имунитетот кај децата со витаминска исхрана

Препораки од имунолог: Зајакнете го имунитетот кај децата со витаминска исхрана

Пред да биде изложено детето на ризик од вирози, настинки и други инфекции, потребно е во младиот организам да се создаде силен имунолошки, одбранбен систем. Имунолозите и педијатрите препорачуваат исхрана богата со витамини, минерали и воопшто нутритиенси, затоа што голем дел од заштитата против изложеноста, посебно на детскиот организам е исхраната и снабдувањето со состојки кои го јакнат имунитетот а со тоа и отпорноста на болести и инфекции.

Токму таквата исхрана и снабдувањето на децата со потребните имуностимулирачки состојки, може да биде предизвик за родителите, па во тој случај добро е да се користат производи чиј состав е збогатен со неопходните витамини и минерали, како што се Битолскиот јогурт и Битолското млеко со 10 витамини. Млекото и јогуртот по својот основен состав носат бројни придобивки за развојот на детскиот организам, а збогатени влијаат на многу процеси вклучително и имунитетот.

д-р Катарина Ставриќ

„Различни производи како млекото и јогуртот кои се збогатени со витамини, не треба да нè плашат дека можеме да му наштетиме на детето од преголеми количини. Производите се збогатени со витамини во препорачани дози за секој од десетте неопходни витамини и минерали, односно во млекото и јогуртот застапени се процентуални вредности од препорачаните дневни дози. Овие дози се препорачани количини на одредени витамини и минерали кои е потребно да се внесуваат секојдневно за здрав организам. Дневните вредности се обезбедуваат со разновидна исхрана која обезбедува 2000 калории дневно. Тие понекогаш се совпаѓаат со препорачаните дневни количини. Секако за повеќето витамини и минерали постојат горни вредности кои подразбираат максимални количини на дневен внес на витамини кои може безбедно да се внесуваат без да се предизвика несакан ефект“, вели д-р Катарина Ставриќ, педијатар имунолог.

Според д-р Ставриќ, дополнителниот внес на витамини и минерали се препорачува и за опоравување на организмот.

„Честите инфекции и неправилната исхрана може да доведат до исцрпување на резервите на витамините и минералите, па затоа се препорачува и дополнителен внес на витамини. Да не заборавиме дека витамините, исто така придонесуваат и за јакнење на имунитетот и побрзо справување со инфекциите и оздравување на детето. Витамините и минералите се неопходни на телото во мали количини, особено на детскиот организам кој е во фаза на интензивен раст и развој“, додава д-р Ставриќ.

Покрај јакнењето на имунитетот, во овој период заради недостатокот од сончева светлина, препорачливо е дополнително внесување и на витаминот Д.

„Потребно е секое дете покрај разновидната исхрана, секојдневно да прима витамин Д кој особено е важен за коските и имуниот систем а кога е во составот на млекото, витаминот Д помага за целосна апсорпција на калциумот“, дополнува д-р Ставриќ.

Покрај правилната исхрана се препорачуваат и други мерки за заштита од инфекции како што се редовен престој на чист воздух, добар сон, одржување хигиена особено сега во услови на COVID-19, користење марамчиња или ставање на рака доколку детето кива или кашла. Пожелно е да се избегнуваат затворени простории како прошетки во затворени трговски центри, игротеки, посета на болни деца.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.