Почетна » Новости » Промо » Презентација на мобилната апликација СтопКорона на меѓународен фестивал

Презентација на мобилната апликација СтопКорона на меѓународен фестивал

Со задоволство ве известуваме дека утре, 28 април 2020 година се одржува интернационален онлајн фестивал на тема „Како светот реагира на Ковид-19“, во организација на меѓународната плаформа за новинарство Outride.rs, на кој Некстсенс, како компанија која ја изработи апликацијата СтопКорона! е поканета да ги сподели своите искуства и да ги претстави предностите на апликацијата во напорите за справување со поледиците од пандемијата со Ковид -19.

Промо

Фестивалот, на кој ќе учествуваат претставници од целиот свет, се одржува на симболичен ден - ден на Суперхероите, и има за цел да ги одбележи најголемите иницијативи и иноватори во кризата со коронавирусот и да инспирира нови решенија за борба против Ковид-19. Вонредната состојба предизвикана од глобалната пандемија е силен двигател за иновации, помагање, споделување, ангажирање и самоорганизирање. Секоја земја има свои херои: медицински работници, лидери во заедницата, инфлуенсери, претприемачи, уметници и бизниси.

Организаторот упати покана до Некстсенс да ја презентира апликацијата СтопКорона!, која веќе е препознаена во Европа и пошироко како апликација која што е наменета да даде прионес во борбата против ширењето на пандемијата со „Ковид-19“.

Имајќи го предвид големиот интерес во светот за ваков тип на мобилна апликација која овозможува следење на изложеноста на Ковид-19, Некстсенс на Фестивалот ќе ги презентира искуствата и моделот на мобилна апликација за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица преку постапка за детекција на блискост на мобилни уреди/апликации, со користење на Bluetooth технологија. Мобилната апликација СтопКорона! е прва од овој тип во регионот на ЈИЕ и меѓу неколкуте во светот.

Ве покануваме утре да го проследите меѓународниот Фестивал посветен на иновативните иницијативи во борбата против коронавирусот, кој ќе биде емитуван во живо на Facebook: https://www.facebook.com/events/181692989528550

Презентацијата на Некстсенс започнува во 12.00 часот, по што следи сесија со прашања и одговори од учесниците и јавноста.

Приклучете се во живо и следете го интернационалениот онлајн фестивал „Како светот реагира на Ковид-19“.

Агендата и сите информации за фестивалот се достапни на https://festiwal.outride.rs/en/

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9507 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.