Почетна » Новости » Промо » Одржан четвртиот регионален симпозиум на офталмолози организиран од „Систина Офталмологија“, дел од групацијата „Свјетлост“ - Загреб

Одржан четвртиот регионален симпозиум на офталмолози организиран од „Систина Офталмологија“, дел од групацијата „Свјетлост“ - Загреб

„Систина Офталмологија“, дел од групацијата „Свјетлост“- Загреб, и оваа година традиционално по IV-ти пат го организира регионалниот симпозиум „Новитети во офталмологијата“. Основната цел е размена на најдобрите практики од офталмологијата меѓу професионалците во оваа област.

На 02.11.2019 (сабота), во присуство на 300 гости од Македонија, Хрватска, Србија и Косово каде освен офталмолози, присуствуваа и доктори по општа медицина, ендокринолози, и специјализанти од Медицински факултет, се одржа IV -от регионален симпозиум „Новитети во офталмологијата“ во организација на „Систина Офталмологија“ дел од Групација “Свјетлост”.

Симпозиум

Опфатени беа различни теми од офталмолошката пракса, пред се овозможувајќи едукација и размена на искуства меѓу медицинските лица од Македонија и регионот. Предавачи на овој единствен од овој вид и размер симпозиум од оваа област, беа проф. д-р Никица Габриќ (Свјетлост), д-р Златко Арнаудовски, д-р Билјана Костовска, д-р Илир Османи, д-р Фанка Гилевска (Систина Офталмологија) и aсс. д-р Христијан Дума (ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести-Скопје) и д-р Страхил Газепов (Клиничка болница – Штип).

Симпозиум

Новитет оваа година беа и излагањата на помладите колеги доктори, како дел од програмата за обука и едукација на млади кадри – специјализанти на „Систина Офталмологија“ и Универзитетската очна клиника„Свјетлост“.

Симпозиум

„Симпозиумот претставува одлична можност за споделување на најновите трендови во работењето кои се применуваат во „Систина Офталмологија“ и Универзитетската очна клиника „Свјетлост“, вклучувајќи и успешни резултати од примена на нови методи за третман на очни болести. Оваа година за првпат споделија искуства и младите доктори специјализанти кои се дел од програмата за развој на млади професионалци на „Систина Офталмологија“ и Универзитетската очна клиника „Свјетлост“. Искуства беа пренесени и од државното здравство што претставува одличен спој на знаења, а ваквиот начин на работа само ја потврдува одличната соработка меѓу професионалците во офталмологијата, а се во улога на најдобрата можна дијагностика, избор на метода и соодветен третман на пациентите“ - изјави д-р Златко Арнаудовски медицински директор на Систина Офталмологија.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10617 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.