Почетна » Новости » Промо » Од продажбата на Вегета се опреми училишната кујна на средното угостителско училиште „Лазар Танев" во Скопје

Од продажбата на Вегета се опреми училишната кујна на средното угостителско училиште „Лазар Танев" во Скопје

Заврши акцијата на компанијата Подравка и брендот Вегета насловена како „Донираме и училишни кујни реновираме“за чие времетраење од продажбата на секоја Вегета оригинал во сино пакување беа одвоени по 5 денари.

Денеска и официјално кујнските апарати кои беа купени од собраните средства од страна на Подравка и граѓаните кои учествуваа во донаторската акција беа предадени во средното угостителско училиште СУГС „Лазар Танев“, Скопје.

Донираме и училишни кујни реновираме

„Брендот Вегета ги носи најдобрите вкусови на нашите трпези повеќе од шеесет години. Природен чекор е да се придонесе во процесот на школување учениците со висококвалитетна опрема за подготовка на храна. Учениците имаат целосно право на современи услови на школување и убави училишни спомени, а на нас, како на општествено одговорна компанија, ни останува да им го овозможиме тоа. Со задоволство му помогнавме на средното угостителско училиште „Лазар Танев“, Скопје да ги опремат кујните и трпезариите со кујнски апарати по сите светски стандарди, кои ќе им послужат на многу генерации професионални готвачи кои се школуваат во ова училиште “, изјави Ивица Саралиевски, генерален директор на Подравка Македонија.

Донираме и училишни кујни реновираме

Сличен тип на донаторски акции на брендот Вегета истовремено се спроведуваа во Македонија и во сите земји од Адриа регионот, а Подравка како општествено одговорна компанија, финансиски и со донации на производи ќе ја продолжи неколку децениската традиција и во иднина.

Донираме и училишни кујни реновираме

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.