Почетна » Новости » Промо » На болката ѝ се спротивставувам веднаш и одлучно

На болката ѝ се спротивставувам веднаш и одлучно

Анатолиј Романов е 23-годишен Македонец со руско/украинско потекло. Тој е високо сертифициран фитнес тренер и апсолвент на Факултетот за физичка култура и спорт. Дел е иод стручниот тим на Македонската кошаркарска репрезентација У-18, која на последното Европско првенство го освои високото 4-то место. Со Анатолиј зборуваме за нашите баскет таленти, фитнесот како тренд, способноста да се каже „не” во вистинскиот момент, упорноста како клучна „состојка“ во спортскиот успех...

Анатолиј Романов

Каква е твојата улога во кошаркарската репрезентација У-18? Што се случува во моментов со нашите кошаркари под 18 години? Кој е следниот предизвик?

Бев дел од стручниот тим кој ја подготвуваше и водеше кошаркарската репрезентација на Македонија У-18 на европското во Орадеа, дивизија Б. Бев кондициониот тренер и се грижев играчите да се силово и кондициски спремни за секој престоен натпревар.

Имавме одлично искуство, одлично првенство и одлично се претставивме. Следно на агендата е ново првенство догодина, но сепак до тогаш престојат многубројни натпревари дома...

Ти си врзан со кошарката од мали нозе... како би го оценил квалитетот на македонската репрезентација под 18?

Генерацијата У-18 поседува огромен квалитет. Се работи за младинци родени во 2001-ва и 2002-ра, кои што одлично работеа и стигнаа до 4-то место на Европско првенство со доста квалитетни селекции. Сигурен сум дека на сите овие деца им следи блескава иднина.

Ти си фитнес тренер... тоа е официјалното звање?

Работам и како фитнес тренер, да. Поседувам сертификат од Националната Академија за спортска медицина на САД, која се води како најдобра лиценца во светот за еден персонален тренер. Покрај главната лиценца од NASM, поседувам уште 5 сертификати од истата академија. Тие се поврзани со кардиореспираторен тренинг за перформанс, корективни вежби, брзина и агилност, ментална сила...

Анатолиј Романов

Твој фитнес совет во две/три реченици?

Мојот фитнес совет би бил - луѓето повеќе да си го ценат телото. Телото треба да се чува, треба да се искористи тоа што ни е дадено. Човечкото тело е креирано да се движи и сè спротивно е правење штета на самите себеси. Гледајте го фитнесот/вежбањето како здравствен бенефит, а не од физички/естетски аспект.

Што мислиш за трендот дека сè повеќе луѓе кај нас се решаваат на редовна физичка активност?

Трендот го прават познатите личности и инфлуенсерите. Некои се вистински искрени и добри во тоа, но други како да ставаат маска, со која се претставуваат како некои што водат здрав живот. Во секој случај мило ми е што сè повеќе луѓе се запознаваат со фитнесот, но сепак треба да се сфати посериозно. Фитнесот значи безбројни бенефити, а не само селфи за социјалните мрежи.

Каде може луѓето да те најдат? Каде работиш?

Можат секогаш да ме најдат на Инстаграм каде често споделувам совети и тренинзи. Главен тренер сум во студио за функционален фитнес, водам групи, работам индивидуално со клиенти и сум кондиционен тренер во кошаркарски клуб.

Анатолиј Романов

Како се справуваш со болката?

Спротиставувајќи се веднаш и директно! Искрено... понекогаш болката не ми пречи затоа што знам дека ќе ме направи посилен.

Спортот бара упорност и трпение…

Точно е дека спортот бара упорност. Најважно е да уживаме во процесот на остварување на целта, во целото патување. Процесот на стигнување до одредената цел е мотивацијата која ни треба за да продолжиме понатаму...

Кога велиш „не“?

Кога работам, при корекција во вежбањето на некои од моите клиенти :) И кога носам одлуки и кога размислувам на идеи...

Анатолиј Романов

Колку често велиш „не"?

Доста често... најмногу додека работам.

Зошто велиш „не"?

Затоа што сум перфекционист и секогаш сакам некоја вежба/дејствие да се одвива во перфектна форма. Во секој момент гледам да корегирам нешто што не е точно.

Колку брзо реагираш и носиш одлуки? Сепак си спортист, имаш разработени рефлекси...

Живеам доста брзо, со комплетно исполнет ден. Кога станува збор за одлуки, зависи од важноста и „тежината“ на одлуката. Доколку станува збор за нешто секојдневно и помалку важно, се обидувам брзо да реагирам и да не мислам многу. Ако пак се носи голема и важна одлука во врска со кариерата и животот, седнувам и размислувам сериозно и темелно.

Кошарка и хип хоп одат заедно, не? Кој е за тебе најдобриот рапер?

Сосeма точно, кошаркарот не може да се мотивира без добар рап :) Мојот најомилен рапер на сите времиња е Џеј Кол. Пораснав со Џеј Кол и неговата поезија ми помага во преживувањето на тешките моменти, да се остане мотивиран, самоуверен... и на крајот, да ја оствариш целта. А исто како и Џеј Кол, низ цел тој процес да останеш скромен и секогаш да се сеќаваш од каде доаѓаш.

Разговорот е инспириран од Налгесин С, пријател на спортистите и сите оние кои знаат да ѝ кажат не на болката и преземаат акција веднаш!

Налгесин

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11080 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.