Почетна » Новости » Промо » Млекото - најважен фактор во исхраната за сите возрасти

Млекото - најважен фактор во исхраната за сите возрасти

Во својот хемиски состав млекото има голем број состојки кои се неопходни за непречен процес на раст, развој и одржување на организмот. После мајчиното млеко, тоа е првата и основна храна за многу мали деца, деца воопшто, а и за возрасни. Млекото е важен фактор во исхраната на старите лица, болните и оние кои се опоравуваат од болест. Тоа е единствената храна што може да храни човечко суштество (новороденче) неколку месеци без учество на друга храна, што не може ниедна друга природна храна.

Млеко

Нутритивната и заштитна вредност на млекото и млечните производи произлегува од протеините со целосна биолошка вредност, од богатството и употребата на калциум, од витамините А, Д и Б комплекс. Протеините во млекото ги содржат сите потребни аминокиселини кои не може да се создадат во организмот, туку се внесуваат заедно со храната, а се потребни за раст, развој и регенерација на ткивата. Во процесите на организмот се користат речиси целосно, од 95 до 98%. Млекото лесно се вари и неговата маснотијата (путерот) е најлесно сварлива од сите други масти.

Млекото е најдобриот извор на калциум, чиј однос со фосфорот е најсоодветен, што овозможува висок процент на искористеност. Ниту една друга храна, дури и со поголема содржина на калциум, не го снабдува организмот полесно и повеќе со овој минерал. Тоа е од суштинско значење за осификација на коските и формирање на забите, заедно со витаминот Д. Оттука, млекото и млечните производи се неопходни за раст на децата, спречување на спонтани фрактури на коските кај постарите лица и за брзо и правилно заздравување на коските по фрактури. Само една чаша млеко обезбедува 16 проценти од дневната доза на протеини кои го градат и обновуваат мускулното ткиво.

Клучен во апсорпцијата на калциумот е витаминот Д, затоа денес одделни видови млека на пазарот се дополнително збогатени со овој витамин, како што е Свежото битолско млеко со Д3 витамин. Внесениот Д3 витамин во сооднос кој најмногу одговара, помага за подобра односно максимална апсорпција на калциумот од млекото.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11517 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.