Почетна » Новости » Промо » Кои се здравствените придобивки од консумирањето на новиoт леб на Жито Лукс со просо и црно семе?

Кои се здравствените придобивки од консумирањето на новиoт леб на Жито Лукс со просо и црно семе?

Грижата за потребите и желбите на потрошувачите е појдовна точка на компанијата Жито Лукс во создавањето нови производи.

Со новиот леб со просо и црно семе и неговото дополнително збогатување со железо, Жито Лукс им овозможи на луѓето кои се соочуваат со недостиг на железо, да уживаат во вкусен и нутритивно богат леб. Овој леб содржи големо количество на железо и 2 парчиња содржат 20% железо од препорачаниот референтен дневен внес.

Жито Лукс

Црно семе (Nigella sativa), е семе со богат, ароматичен, малку зачинет вкус. Потекнува од медитеранскиот регион, а сега се одгледува во Африка и на Блискиот Исток. Во однос на минералниот состав, семето е богато со железо, калциум, магнезиум, фосфор и калиум. Негова битна карактеристика е присуството на тимокинон, кој има антивоспалително и антиоксидативно дејство. Ова семе било применувано како лек уште од античкиот Египет. Се користело за третирање на болести како кашлица, астма, главоболка, забоболка, дигестивни проблеми, хипертензија, дијабетес и низа други.

Покрај големите придобивки од црното семе, овој леб е збогатен и со просо кое е богато со диететски влакна, полифеноли и протеини. Просото содржи значајна количина од есенцијалните аминокиселини, особено метионин и цистеин.

Со новиот леб ќе може да уживате во вкусни оброци, притоа водејќи грижа и за здравствената состојба, внесувајќи железо кое е одговорно за правилно функционирање на повеќе витални функции во телото.

Затоа уживајте во вкусот на здравјето и изворот на енергија – уживајте во вкусни оброци со интрегралниот леб просо и црно семе на Жито Лукс!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.