Почетна » Новости » Промо » Живот на „следно ниво“: Фантастични иновации за да се подобрите на личен и професионален план

Живот на „следно ниво“: Фантастични иновации за да се подобрите на личен и професионален план

Поквалитетен, поуспешен и поисполнет живот е амбициозна цел кон која неуморно се стремиме. Но, како жени, ние секојдневно сме исправени пред големи предизвици на патот да воспоставиме баланс на релација работа-личен живот додека во меѓувреме напредуваме на деловен и се самоподобруваме на приватен план. Па, секоја помош е добредојдена, а технологијата е наш силен сојузник.

Во потрага сте по иновативни начини на кои ќе го намалите когнитивниот товар, ќе си заштедите време/стрес/енергија и ќе се подобрите себеси и интелектуално и физички и ментално? Започнете оттука:

Иновации за подобар живот
1

Дајте ѝ шанса на вештачката интелигенција

Имате ли поразговарано со чет-бот со вештачка интелигенција (AI)? Крајно време е да ѝ дадете можност на вештачката интелигенција да ве фрапира со леснотијата со која ќе доаѓате до потребните одговори.

Независно дали сакате да решите проблем од на работа (особено ако работите во IT сферата), дали сте во потрага по идеи за сопствен бизнис или едноставно итно ви треба уникатна роденденска порака, овие чет-ботови ќе ви понудат бескрајно многу опции. ChatGPT, Google Bard, OpenAI Playground, ChatSonic... пронајдете го најдобриот личен помошник и уживајте во бенефициите.

2

Овозможете си флексибилност во работата

Пандемијата со КОВИД-19 беше пресвртен момент во деловниот свет од аспект на тоа што повеќето работодавачи прифатија поголема флексибилност во однос на работното време и физичкото присуство во канцеларија.

Доколку вашата професија го дозволува тоа, договорете си да присуствувате на работното место неколку дена во неделата, а да имате можност да работите на дистанца во деновите кога не ви се излегува од дома или имате некоја приватна обврска. Благодарение на платформите како Zoom, Microsoft Teams и Google Hangouts, сега и онлајн состаноците се одлично прифатени во бизнис светот, па нема да пропуштате апсолутно ништо. Со тоа ем ќе си ја зголемите продуктивноста, ем ќе го подобрите балансот помеѓу работата и личниот живот.

Иновации за подобар живот
3

Олеснете си ги домашните обврски со smart уреди

Свесно избирајте уреди за домот кои ќе ви ја скратуваат листата со обврски и ќе ви го олеснуваат секојдневието.

Заборавете на чистењето на подот благодарение на робот-правосмукалка, кој можете да го активирате преку апликација дури и кога не сте дома. Олеснете си го готвењето со мултифункционален готвач со одложен старт со кој идеално ќе го темпирате ручекот или вечерата, или пак, со паметен готвач на ориз кој ќе можете да го стартувате уште додека сте излезени за да имате топло јадење штом се вратите дома. Или пак, испробајте smart термостати за ефикасно и оптимално греење и ладење на домот. „Паметните домови“ се иднината.

Иновации за подобар живот
4

Надградете се со самостојно изучување на нов јазик

Мобилниот телефон може да се претвори во ваш личен учител на странски јазик. Наместо да се ограничувате преку курсеви со физичко присуство, со модерните апликации можете да учите нов јазик кога вие ќе имате време и желба.

Инсталирајте Duolingo, Memrise или Mondly и започнете да навлегувате во лингвистичките тајни на други држави. Колку повеќе јазици знаете, толку повеќе врати ви се отворени низ светот, нели?

5

„Наоружајте“ се со нослива технологија

Паметните часовници ќе ви помогнат да следите многу важни параметри поврзани со вашата физичката активност, но и ќе ви помогнат да не пропуштите ниту една нотификација. Така, постојано ќе бидете во тек со сè што се случува на работа или на социјалните мрежи.

Исто така, тие можат да ја заменат вашата платежна картичка или да се претворат во телефон, па со ваков часовник ќе ги редуцирате предметите кои константно ги носите со себе.

Дури и ако веќе користите нослива технологија, секогаш следете ги новостите. Многу од овие иновативни производи константно се подобруваат и се појавуваат во нови верзии со нови поволности за корисниците.

На пример, што ако ви кажеме дека со следното ниво на IQOS доаѓа уште понапредна технологија на револуционерни уреди, со напредни функции, а истовремено поедноставни.

Иновации за подобар живот

Промо. Извор: mk.iqos.com

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11495 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.