Почетна » Новости » Промо » Депонијата не е решение за електронскиот отпад

Депонијата не е решение за електронскиот отпад

Стари фрижидери, „олдајмер“ телевизори, расипани печатачи, компјутери од пред една деценија, мобилни телефони кои одамна не се во мода... Долга е листата на електронски и електрични апарати кои ги чуваме во домовите, а кои одамна не ги употребуваме од различни причини. Дел од нив се стари или дотраени, дел расипани, а има и такви кои функционираат без проблем, но сме ги замениле со понови и помодерни следејќи ги најновите технолошки достигнувања.

Сите овие уреди кои не ги користиме се нарекуваат е-отпад, односно тоа се уреди кои се поврзани на електрична мрежа и содржат електронски делови. Доколку сме им нашле соодветно место за чување, едноставно забораваме на нив, без да размислиме дека покрај тоа што физички заземаат простор, тие се многу штетни и за животната средина. По одреден временски период, над 60% од овие електронски уреди завршуваат во контејнерите, а подоцна и на депонија, каде што стануваат многу опасни за луѓето и за животната средина.

Екон Електрон

Иако делуваат безопасно и нетоксично, електричните и електронските уреди содржат тешки метали кои се испуштаат во животната средина кога овој вид отпад несоодветно се третира, складира и уништува. Кога старите телевизори, мобилни телефони, фрижидери и други уреди се фрлаат на депонија, при распаѓањето испуштаат отровни, најчесто канцерогени материи кои се многу опасни по здравјето на луѓето. Овие материи ја загадуваат почвата, водата и воздухот со тешки метали, меѓу кои доминираат оловото, живата и кадмиумот, кои го разоруваат живиот свет.

Затоа фрлањето на електронските и електричните уреди на депонија не е решение. Старата електронска и електрична опрема понекогаш може да се поправи и повторно да се употребува, а секогаш може целосно да се рециклира и да најде нова примена. Речиси сите одговорни компании денес кои се занимаваат со производство или продажба на електронска или електрична опрема нудат можност за бесплатно собирање на старите, дотраени апарати и на оние што повеќе не ги употребуваме, со цел тие да се рециклираат. Или пак организираат собирни пунктови за овој вид отпад каде граѓаните може да ги остават малите електронски апарати кои подоцна се рециклираат. Така се намалува користењето на ресурси и енергија неопходни за производство на електронска и електрична опрема, а ние колективно придонесуваме за зачувување на животната средина.

Решението за справување со е-отпадот е едноставно и прифатливо за секого. Да не фрламе, туку да најдеме начин да создаваме нешта кои може да се употребат повторно, да се поправат или рециклираат. Така на идните генерации во наследство им оставаме чиста и здрава животна средина.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11228 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.