Почетна » Новости » Промо » Групацијата Триглав во 2019 година: Повисок профит и раст на премија во сите три сегменти на осигурувањето на сите пазари

Групацијата Триглав во 2019 година: Повисок профит и раст на премија во сите три сегменти на осигурувањето на сите пазари

Добри резултати во двете дејности, во осигурувањето и управувањето со имот

Триглав

Според неревидираните податоци профитот пред оданочување на Групацијата Триглав во 2019 година изнесуваше 100,9 милиони евра (индекс 104), а обемот на осигурителна премија се зголеми за 11 проценти, на 1.184 милиони евра. Групацијата со дисциплинирано преземање ризик во осигурувањето постигна раст на премија на сите свои пазари на осигурување и во сите сегменти на осигурување (имотни, животни, пензиски и здравствени осигурувања). На подрачјето на управување со имот на клиентите, Триглав за 68 проценти го зголеми обемот на средства, со кои што управува во взаемните фондови. Групацијата, која е оценета со висока бонитетна оцена »A«, на почетокот од својата 120-та годишнина со остварувањето на зацртаните стратешки насоки ја одржа својата водечка позиција во регионот.

ПРОФИТАБИЛНО РАБОТЕЊЕ. Според неревидираните податоци Групацијата Триглав оствари 100,9 милиони евра профит пред оданочување (индекс 104) и 83,9 милиони евра нето профит (индекс 104). Матичната компанија 2019-та година ја затвори со 84,6 милиони евра профит пред оданочување (индекс 108) и 70,6 милиони евра нето профит (индекс 108). Капиталот на Групацијата се зголеми на 10,9 проценти (во 2018-та година 10,8 проценти). Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав Андреј Слапар во оваа прилика изјави: „Зад нас е успешна година, според неревидираните податоци постигнавме 4 проценти повисок профит пред оданочување во споредба со претходната година и ја зајакнавме својата позиција на пазарот во регионот. На добрите резултати влијаеше растот на работењето, дисциплинираното преземање ризици во осигурувањето и повисоките приноси на инвестиции.“

Профитот пред оданочување на Групацијата, којшто е резултат на осигурително-техничкиот дел од работењето, остана на ниво на годината претходно и изнесуваше 71,8 милиони евра. Профитот пред оданочување, којшто е резултат од финансиските инвестиции во дејноста на осигурувањето, се зголеми за 35 проценти на 29,0 милиони евра. Овој раст е резултат на еднократни настани, додека пак поради состојбите на финансиските пазари приходите од камати се намалија и во 2019 година.

Управувањето со големиот инвестиционен портфељ од 3,3 милијарди евра се одвиваше во согласност со релативно конзервативната инвестициона политика. При управувањето немаше значајни промени, а се изведоа и одредени прилагодувања интерно во поединечни инвестициони оддели, поради што се продолжи рочноста на портфељот, дополнително се подобри неговиот квалитет и се достигна уште подобра усогласеност на средствата со обврските. Групацијата, со оглед на состојбата на пазарите на капитал, и во 2019-та година ја намали својата изложеност на пазарни ризици, а во исто време мудро ги зголеми ризиците на осигурување.

РАСТ НА ПРЕМИЈА ВО СИТЕ СЕГМЕНТИ И НА СИТЕ ПАЗАРИ. Групацијата веќе петта година по ред постигна раст на премија, при што дисциплинирано ги преземаше ризиците во осигурувањето. Вкупниот обем на премијата во 2019 година изнесуваше 1.184,2 милиони евра, што е 11 проценти повеќе споредено со претходната година. Растот на премија е постигнат во сите три сегменти на осигурувањето. Обемот на премија кај имотните осигурувања се зголеми за 10 проценти, кај здравствените осигурувања за 23 проценти, а кај осигурувањата на живот и кај пензиските осигурувања за 4 проценти.

Групацијата Триглав продолжи со стратешката диверзификација на премија како од производно-услужно така и од географско гледиште. Во нејзиниот состав за 1,4 процентни поени го зголеми уделот на здравствените осигурувања (14,9 проценти), уделот на имотни осигурувања изнесуваше 65,5 проценти, а осигурувањата на живот и пензиските осигурувања имаа 19,6 проценти. Групацијата повторно го зголеми уделот на премија од осигурување пресметана на пазарите вон Словенија, кој што на крај на годината изнесуваше 18,1 проценти, а обемот на премија се зголеми на сите нејзини пазари. Просечниот раст на премија на словенечкиот пазар изнесуваше 10 проценти (растот на пазарот беше 8 процентен), а на пазарите вон Словенија 12 проценти. Премијата од меѓународното реосигурување се зголеми за 21 процент.

ПОВОЛЕН КОМБИНИРАН КОЕФИЦИЕНТ. Работењето во делот на штетите се движеше во рамките на очекуваното, а обемот од масовните штетни настани беше понизок во споредба со претходната година. Пресметаните бруто износи на штетите во Групацијата беа повисоки за 5 проценти (716,7 милиони евра), што е последица на зголемениот обем на работење во последните неколку години. Оценетата вредност на масовни штети на Групацијата изнесуваше 16,5 милиони евра (2018 година 23,3 милиони евра), половина од нив беа предизвикани од летните олуи со град во Словенија. Комбинираниот коефициент на Групацијата изнесуваше 91,5 проценти (2018 година 91,8 проценти), а неговото подобрување е резултат пред сѐ на подобрувањето на трошковниот коефициент односно на повисокиот раст на чисти приходи од премија на осигурување од растот на оперативните трошоци. Постигнатата вредност на комбинираниот коефициент се наоѓа во поволен долен дел од подрачјето на неговата просечна целна стратешка вредност, која што изнесува околу 95 проценти.

УПРАВУВАЊЕ СО ИМОТОТ НА КЛИЕНТИ. Групацијата во 2019 година го зголеми за 68 проценти обемот на средства на клиентите со кои што управува во взаемните фондови (1,0 милијарда евра), и за 65 проценти, односно на 82,5 милиони евра, обемот на средства со кои што управува преку услугата за индивидуално управување со имот. Високото зголемување ѝ овозможува поамбициозен развој на дејноста, а на тоа влијаеа пред сѐ преземањето на компанијата ALTA Skladi, состојбата на пазарите на капитал и нето приливите. Групацијата Триглав со 34 процентен пазарен удел го зазема водечкото место меѓу словенечките управувачи на взаемни фондови (претходната година удел од 24,6 процени).

ДОБРА КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ. Групацијата во 2019 година успешно го намали уделот на оперативните трошоци за осигурителната дејност во пресметаната бруто премија од осигурување, и тоа за 1.3 процентни поени на 23,2 проценти. Бруто оперативните трошоци на Групацијата во висина од 305,3 милиони евра за 6 проценти се повисоки од оние претходната година, на што влијаеа пред сѐ повисоките трошоци за добивање на осигурување поради високиот раст на премијата од осигурување и изведувањето на стратешките развојни активности.

ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ. Групацијата постигнува високо ниво на финансиска стабилност, на што укажуваат висината на целокупниот капитал (792,0 милиони евра) и бруто осигурително-техничките резервации (2.878,9 милиони евра). Обете категории во 2019 година се зголемиле за 6 проценти и претставуваат цврста гаранција за урамнотежено работење и долгорочна сигурност на осигурениците во Групацијата. Групацијата во потполност ја има контролата на ризиците и внимателно управува со капиталот, а со тоа ги осигурува неговиот оптимален состав и трошковната ефективност. Дел од таквите редовни активности во 2019-та година беше издавањето на 30,5 годишната субординирана обврзница, која ја заменува субординираната обврзница која што има рок на доспевање во 2020 година. Групацијата Триглав располага со висока бонитетна оцена »A« од страна на агенциите за кредитен рејтинг S&P Global Ratings и AM Best. Оцените имаат стабилна среднорочна прогноза.

ВОДАЧ НА ПАЗАРИТЕ ВО РЕГИОНОТ АДРИА. Групацијата Триглав со своите единаесет осигурителни компании го зазема водечкото место во регионот Адриа (шест држави), според податоците за 2018 година, достигна 20-процентен пазарен удел. Регионот го оценува како перспективен и долгорочно останува насочена кон постоечките пазари. Минатата година, со основање на нова компанија на македонскиот пазар, влезе во сегментот на пензиски осигурувања. За работењето вон постоечките пазари со партнерите и натаму развива нови деловни пристапи и модели.

РАЗВОЈНИ СТРАТЕШКИ КЛУЧНИ ТОЧКИ. Групацијата е стратешки насочена кон долгорочна и стабилна профитабилност на работењето и зголемување на вредноста на Групацијата, што тесно е поврзано со воведување на нови начини на работа. Нејзините развојни чекори се насочени кон најдобро корисничко искуство на клиентите, а ги оценува од гледна точка на зацртаната профитабилност, прилагодена на ризикот. Со клиентите има за цел да биде доживотен партнер, кој не им нуди само финансиска сигурност, туку им нуди и помош при решавање на нивните проблеми во различни области и околности во животот. Со таа цел Групацијата и во 2019 година продолжи со опширна обнова и развој на производно – услужниот интернет (на пример, прва во регионот понуди осигурување за кибернетска заштита на компаниите) и го дополнуваше со услуги за поддршка и советување. Развиваше и воведуваше напредни решенија и пристапи, кои придонесуваат кон поголема одржливост и транспарентност при склучување на осигурителни договори и решавање на случаите на штети, како и кон ефективно откривање на измами. Во процесите внимателно управуваше со откриените ризици, меѓу нив и оние поврзани со климатските промени. Ја прилагодуваше својата понуда која што е под нивно влијание (на пример осигурување на посеви, плодови, каско осигурување), и соодветно ги земаше во предвид при формирањето на осигурително – технички резервации кај одредени видови на осигурувања, и ја одржа својата ефективна реосигурителна заштита.

Во рамките на развојот на продажните канали, Групацијата во 2019 година ја дополнуваше својата ефективна теренска продажна мрежа, која што спаѓа меѓу нејзините силни конкурентски предности, со други продажни канали. Ја зајакна договорната мрежа, развиваше продажба по пат на интернет и други надворешни продажни канали, посебно партнерска соработка со банки и компании кои што се занимаваат со продажба на автомобили и телекомуникациски услуги. Препознатливоста на дигиталниот настап и натаму ја дополнуваше со напредни технолошки услуги, како што се апликациите и симулаторот Drajv, апликацијата Триглав време, услугата “Се ќе биде во ред“ и сл. Некои се достапни и во технолошкиот центар и полигонот на дигиталното работење Триглав Лаб во Љубљана.

Посебен стратешки акцент беше ставен на организацијата и културата во Групацијата Триглав. Имаме желба тимот, кој брои повеќе од 5.200 соработници, да делува поврзано, колегијално и да работи во најстимулативна работна околина. За таа цел беа изведени бројни активности и мерки на подрачјето на наградување, комуницирање и образование. Мерењето на организациската виталност, со која што веќе неколку години се утврдува нивото на задоволството и обврските на вработените, покажа стабилно и високо ниво.

Со фокусот кон стабилно, долгорочно и успешно работење и постигнување на високи стандарди на корпоративно управување, Групацијата изведува бројни активности со цел грижа за општествената и природната околина. Групацијата е обврзана со етичко работење, транспарентна комуникација, одговорно вработување, почитување на човековите права, одговорен однос кон потрошувачите и добавувачите и со активно вклучување во општествената заедница и нејзин развој, кон што се придржуваше и во 2019 година. И понатаму се залага за грижа за животната средина и ефикасна потрошувачка на ресурси потребни за бизнис. Потрошувачката на јаглерод и потрошувачката на електричната енергија кај матичната компанија се намали за 6, односно за 3 проценти, се зголеми обемот на превентивни инвестиции, кои придонесоа кон одржлив развој на компанијата. Инвестициите беа претежно насочени кон поттикнување на сообраќајната безбедност и намалување на други актуелни ризици.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: „На сите соработници и партнери им се заблагодарувам за нивниот придонес кон добрите бизнис резултати и нивната вклученост во бројни стратешки и развојни активности, коишто го одбележуваат Триглав на неговата 120-годишнина. Заедно, успешно ги одржуваме традицијата и иднината, што е сигурно еден од најдобрите темели во грижата за посигурна иднина на сите наши акционери.“

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.