Почетна » Новости » Промо » Времето на гнездење е тука: Новиот извештај на Беко го истражува долгорочното влијание на глобалниот карантин врз домот

Времето на гнездење е тука: Новиот извештај на Беко го истражува долгорочното влијание на глобалниот карантин врз домот

  • Месеци со 24/7 активност фундаментално ја променија улогата на домот
  • Колективната грижа на потрошувачите околу хигиената, здравјето и имунитетот ќе продолжат да влијаат на тоа како живееме
  • Домовите ќе се адаптираат во „мешани простори“, способни флуидно да овозможат различни видови на работа, одмор, закрепнување и игра

„Времето на гнездење“, новиот извештај објавен денеска од страна на Беко, водечкиот европски бренд за апарати за домаќинство, во соработка со TheFutureLaboratory, го истражува долгорочното влијание на Ковид-19 врз домот.

Пред пандемијата, живеевме во ера на хипер видливост (HyperVisibility) – каде презентацијата, постојаното скролање и фокусот на „искуствената економија“ доминираа со нашето внимание и нашиот вид.

За време на карантинот, нашето внимание се сврте кон внатре. Домот стана наша канцеларија, училиште, место за вежбање, ресторан, болница, па дури и место за годишен одмор; принудувајќи ги луѓето да ги преземат сите аспекти од нивните некогашни надворешни животи во рамките на домот. Извештајот предвидува дека овој премин кон полокален, внатрешно фокусиран начин на размислување ќе остане, најавувајќи го новото „Време на гнездење“.

Промената кон работа од дома, растот на домашната забава и домашната добросостојба се само три од новите трендови кои се реализираа преку ноќ; и до 2030 времето на гнездење ќе биде во полн замав. Наследството на карантинот во комбинација со новите поместувања во однесувањето фундаментално ќе нè трансформираат - каде живееме, како живееме и домот во кој живееме:

    Беко „Време на гнездење“
  • „Рурбана“ револуција– зголемениот фокус на здравјето, хигиената и закрепнувањето ќе доведе до урбан егзодус кој ќе ги рестартира предградијата и руралните области истовремено обезбедувајќи им на градовите можност да станат почовечки центрирани. Младите луѓе на кои градовите порано им беа привлечни, сега сфаќаат дека високите кирии, релативно ниските примања и влијанието на градскиот живот имаат штетно влијание врз здравјето, така што „вгнездувачите“ од миленијалската и генерацијата З сега бараат рурални и приградски населби за подобро физичко и ментално здравје
  • Мулти-модални својства –домот ќе се адаптира да стане „мешан простор“, способен флуидно да овозможи различни видови на работа, одмор, закрепнување и игра. Независно дали во новите мега-градови или „рурбаните“ центри, зависноста на генерацијата „вгнездувачи“од домот ќе доведе до тоа да искористување на просторот и функционалностите се поставени на врвот на агендата.
  • Живот заштитен од пандемија – колективната грижа на потрошувачите за хигиената, здравјето и имунитетот ќе останат и ќе ја формираат младата генерација, на начин што тие во домот од иднината ќе гледаат место заштитено од пандемија каде хипер-хигиенските и супер-одржливи иновации доаѓаат до израз. Иновациите во домот се дизајнирани за да ја намалат изложеноста на вируси и загадувачи и да ја зголемат личната хигиена. Исто како влезниот тоалет, место каде што влегувате да ги измиете рацете кога се враќате дома кое се воведе во екот на Шпанскиот грип, домот ќе има влезови каде ќе можете да се деконтаминирате при влегувањето од надворешниот свет во вашето внатрешно светилиште.
Беко „Време на гнездење“

Хакан Булгурлу, главниот извршен директор на Арчелик, мајка компанија на Беко, изјави: „Изминатите девет месеци ги променија нашите животи засекогаш, а бизнисите и владите имаат важна улога да ни помогнат да се прилагодиме на овој нов светски поредок. Особено домот ќе претрпи радикална промена, бидејќи повторно ќе размислуваме каде и како ќе живееме и ќе бараме решенија што ќе ја рефлектираат зголемената грижа за хигиената, одржливоста и здравјето. Овој извештај ги истакнува трендовите што можеме да ги очекуваме во следните десет години и некои од иновациите што ќе ни помогнат да се справиме со најголемите проблеми на денешницата.”

Крис Сандерсон, ко-основач и главен извршен директор на Future Laboratory изјави: „Сега, повеќе од кога и да е, брендовите и организациите треба да бидат подготвени за иднината во која човештвото ќе се чувствува сигурно, поддржано и инспирирано. Ако бизнисите не се подготвени на ова, тогаш заслужуваат да станат жртви на новата промена на парадигмата на начинот на кој посредуваат со тоа како живееме, работиме и играме.”

За повеќе информации и за да го прочитате целиот извештај посетете ја страницата: https://www.arcelikglobal.com/media/5898/beko-the-age-of-nesting.pdf

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.