Почетна » Новости » Промо » Вива Премиум соковите во нови модерни еко пакувања

Вива Премиум соковите во нови модерни еко пакувања

Најголемиот македонски производител на овошни сокови, нектари, каши и пиреа под брендот Вива годинава го одбележува своето 25 годишно постоење. По повод овој јубилеј, компанијата се одлучи да направи редизајн и промена на пакувањето на премиум линијата производи. Новата амбалажа Pure-Pak Sense има подобрена функционалност, нуди многу поволности и нуди опција за поефикасно управување со отпадот.

Вива

Како лидер на пазарот Вивакс е компанија која секогаш е во тек со новите стандарди и трендови на светско ниво. Редизајнот на премиум линијата производи е чекор напред за компанијата, но и воведување нов стандард во оваа индустрија во земјава и во регионот. Новата амбалажа ги диференцира производите на Вива од останатите со ултра модерниот дизајн, новата форма и своите функционални карактеристики, а ја позиционира компанијата во ранг на останатите светски познати компании.

Pure-Pack Sense всушност е најнов тренд во пакувањето во светот, а станува збор за современа амбалажа направена од обновливи извори. Подобрената функционалност за попогодно ракување со отпадот овозможува лесно и ефикасно склопување пред фрлањето, со што се придонесува за намалување на отпадот, поедноставено рециклирање и заштита на животната средина.

Вива

Со оваа иновација во пакувањето, Вивакс уште еднаш докажа дека е една од врвните домашни компании и бренд кој постојано инвестира во сопствените производствени капацитети, во квалитетот на производството и современиот дизајн на производите, следејќи ги глобалните трендови во оваа индустрија.

Вива

Како општествено одговорна компанија, Вивакс и во иднина ќе придонесува за развој и производство на исклучително здрави производи и ќе вложува во технологија која придонесува за заштита на животната средината. Во своето 25 годишно постоење компанијата постојано инвестира во знаење, најсовремена опрема и технологија, што резултира со препознавање на квалитетот на производите Вива на светско ниво и присустство на пазарите во над 25 земји во светот.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.